Видео: ZTE Nubia Z9 има најдобар интерфејс
Објавено на 24.06.2015 во Новости
ZTE Nubia Z9 е еден од првите смартфони со целосна искористеност на предната површина на дисплејот кој странично нема никакви рамки што овозможува функционирање на еден сосема нов Frame Interactive интерфејс со иновативни контроли и побрза активација на сите апликации.
Frame Interactive интерфејсот ви овозможува да менувате апликации и содржини од самиот раб на екранот, да правите стабилни слики без потреба од достигнување на прстот кон средина на екранот за притискање на копчето за камерата, потоа може да го прилагодувате тонот на видеото без влегување во внатрешните контроли, а на располагање имате и уште многу гестови за брза активација.
ZTE Nubia Z9 со Frame Interactive е одличен доказ дека иновацијата во дизајнот не е само за визуелниот изглед на смартфонот туку допринесува и за подобар софтвер. ZTE Nubia Z9 наскоро ќе се најде на пазарот по цена од околу 500 евра, а нуди 5.2 инчен Full HD дисплеј и моќен хардвер.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.