Откриени сите новитети од Windows 10 Mobile
Објавено на 25.06.2015 во Новости
Microsoft лансираше уште една тест верзија на Windows 10 Mobile која е многу блиску до конечната бидејќи се откриени голем број на новитети како што е интернет прелистувачот Edge каде лентата за адреси може да постави на дното, а откриен е и новиот центар за брзи активации каде се сместени опции за конекциите, нотес, светилка и battery saver апликација.
Windows 10 Mobile ќе го задржи коцкастиот live ties интерфејс со приказ на повеќе икони на почетниот екран чија големина и позиција ќе може да се промени, но распоредот е овој пат многу поефикасен.
Во секое мени ќе има различна навигација и контролите ќе бидат лесно видливи и на дофат на корисникот, а ќе имате и лента за пребарување на самиот врв во главното мени. Пласманот на Windows 10 Mobile ќе биде реализиран во почетокот на есента.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.