Новиот херој HTC Aero доаѓа наесен

Објавено на 26.06.2015 во Новости



Новиот херој HTC Aero доаѓа наесен

HTC е еден од брендовите кој разочара оваа година, не поради лошиот квалитет, туку поради конфузната маркетинг стратегија која не ги искористи сите атрибути на HTC One M9 и приказната очигледно е завршена со бројните негови верзии кои само дополнително ги бунат корисниците. Затоа е најавено дека се подготвува нов херојски смартфон кој ќе ги спаси од лошата состојба.
 
Најновите информации велат дека станува збор за HTC Aero што најверојатно во овој момент служи како кодно име, а за компонентите се очекува да биде применет Qualcomm Snapdragon 820 кој ќе биде од најнова генерација и ќе пристигнe токму наесен, како и новиот премиум смартфон, а измени се очекуваат и во дизајнот.
 
Автор: Aleksandar Stankov