Lenovo A328 - Мал шармер со ниска цена

Објавено на 26.06.2015 во Новости



Lenovo A328 - Мал шармер со ниска цена

Во океанот на големи телефони во последните две години ретко се наоѓа квалитетен смартфон со екран под 5 инчи кој ќе ги задоволи потребите на корисниците. Lenovo направи одлични потези со неколку сериии на смартфони во сите класи, вклучувајќи го и Lenovo A328 кој доаѓа со 4.5 инчен дисплеј со резолуција од 480 x 854 пиксели што е добар стандард за оваа класа.

Lenovo A328 треба да одговори на потреби на кориснците кои имаат ограничен буџет и не им е потребен премногу скап телефон, но притоа нуди сосема солидни перформанси и се истакнува со можноста за користење на две СИМ картички со HDSPA+ мрежа што е одлична функција за тие што имаат повеќе при-пејд броеви од различни оператори.

Lenovo A328 исто така може да се пофали со добро склопена конфигурација предводена од четири-јадрен Mediatek MT6582M процесор со Cortex-A7 технологија и работен такт од 1.3Ghz, надополнет со 1 GB RAM, 4 GB меморија која ќе може да ја надополните со microSD картичка до 32 GB, а со Li-Po 2000 mAh батеријата ќе имата на располагање енергија за целиот ден.

Овој мал но, способен смартфон доаѓа и со 5 мегапикселна главна камера, како и 2 мегапикселна камера поставена на предната страна за селфи фотки. Lenovo A328 го користи android 4.4 KitKat системот кој одлично е оптимизиран со Vibe интерфејсот. Lenovo A328 може да се најде по многу ниска цена од околу 100 евра.





Прочитајте повеќе: