Apple Watch тешко преде со Mac од 1996

Објавено на 26.06.2015 во Новости



Apple Watch тешко преде со Mac од 1996

Смарт часовниците имаат повеќе намени според одредени луѓе. Некои ги користат како фитнес асистенти, другите за полесно да проверуваат известувања и можност з а плаќање преку Apple Pay. Последново видео покажува и дека Apple Watch може да функционира со стариот Mac софтвер од 1996 година.



Ник Ли го вметнал Mini vMac на неговиот Apple Watch, уште пред да го надгради на новиот софтвер 2.0. Потоа го инсталирал Apple OS 7.5.5, оперативниот систем System 7 за Macintosh компјутери од пред 20 години. Како што може да се види од видеото, смарт часовникот тешко преде со Mac OS 7, но сепак е многу интересен експеримент.

Автор: Aleksandar Stankov