Samsung му се потсмева на iPhone 6 - Заплеткан во кабли

Објавено на 27.06.2015 во Новости



Samsung му се потсмева на iPhone 6 - Заплеткан во кабли

Samsung најде нова тема за закачка со Apple и нивната гордост iPhone 6 потсмевајќи им се за неможноста за безжично полнење и постојаната заплетканост со каблите. Samsung одамна ја има применето Qi технологијата за безжично полнење, а најновиот супер смартфон Galaxy S6 има неколку атрактивни новитети во менаџментот на батеријата, ефикасното и брзо полнење и ultra battery saving режимот на работа кога енергијата е на „цртка“.
 
 
Главната поента на Samsung е дека повторно со Galaxy S6 добивате цел ден на енергија за активна употреба, додека корисниците на iPhone 6 се „гушкачи“ на штекер, бидејќи треба постојано да мислат на батеријата. Со ова тврдење не може целосно да се сложиме бидејќи iPhone 6 има солидна батерија и ниска потрошувачка, па со едно полнење може да поминете десетина часа во активна работа без никаков проблем.
 
Автор: Aleksandar Stankov