iPhone 6s влезе во производство

Објавено на 28.06.2015 во Новости



iPhone 6s влезе во производство

Apple ги активирал кинеските партнери за составување на компонентите на следните премиум смартфони iPhone 6s, iPhone 6s Plus, како и обновениот 4 инчен iPhone 6c. Според првичните информации најголем новитет ќе биде вградувањето на ForceTouch сензорот од Apple Watch за нови контроли на интерфејсот со допир на екранот.
 
 
iPhone 6s и iPhone 6s Plus ќе бидат главните ѕвезди оваа година со 4.7 и 5.5 инчни екрани кои ќе имаат подобрена резолуција од 1080p, односно 1440p за поголемиот модел, потоа ќе имаат нов А9 чипсет со 14 nm и 64 битна архитектура, а голем напредок ќе има и во камерите со 12 и 5 мегапиксели. Промоцијата на iPhone 6s и iPhone 6s Plus се очекува кон средината на септември.
 
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: