LG G4 Stylus пристигна во Европа за 250 евра

Објавено на 29.06.2015 во Новости



LG G4 Stylus пристигна во Европа за 250 евра

LG Mobile најави дека ќе го пушти во продажба LG G4 Stylus во повеќе европски држави оваа недела по промотивна цена од околу 250 евра. Овој смартфон го има истиот дизајн како и премиум моделот LG G4, може да користите и Stylus пенкало за внес на текст и команди, но поради пониската цена има направено неколку компромиси во хардверот.
 
 
LG G4 Stylus има поголем екран од 5.7 инчи што го прави идеален за љубителите на фаблети, но има за еден степен пониска резолуција од 720 x 1280 пиксели што нема премногу да се осети на густината на сликата. LG G4 Stylus работи со одличниот четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 410 процесор кој нуди врвни перформанси во средната класа, а е помогнат со 2 GB RAM.
 
За мултимедијалните содржини имате 16 GB меморија и можност за надополнување преку microSD картичка, како и 8 мегапикселна главна и 5 мегапикселна селфи камера. Батеријата има капацитет од 3000 mAh што е сосема доволно за целодневна активна работа.