Samsung работи на супер издржливи батерии

Објавено на 29.06.2015 во Новости



Samsung работи на супер издржливи батерии

Во ера кога имаме супер технологија, но капацитетот на батериите брзо се троши поради напредните функции мора да се посегне кон науката и да се бараат нови решенија. Токму Samsung креираше посебен тим на истражувачи кои ќе експериментираат со графенот, специфичен материјал кој може да се користи за обложување на батериите за добивање на поголем енергетски капацитет и побрзо полнење на батеријата.
 
Предизвикот на тимот на Samsung лежи во животниот циклус на батериите со графен кои имаат мал број на циклуси на полнење пред да се исцрпат, но доколку го полните смартфонот на пример два пати неделно тоа и нема да биде голем компромис. Новата технологија на Samsung доколку се оди според планираното ќе биде спремна за комерцијална употреба во 2017 година.