Uber од улица се сели на море

Објавено на 29.06.2015 во Новости



Uber од улица се сели на море

Uber можеби има големи предизвици да се прошири во градската мрежа на таксисти во Париз и други европски и американски градови каде има дури и насилни протести, но овој сервис е се помоќен и го прошири својот сервис и во Истанбул од каде ќе може да резервирате глисери и јахти за пловење по Босфорот.
 
 
Uber ќе соработува со турскиот холдинг Navette за изнајмување на бродови преку мобилната апликација. Со еден допир на екранот може да најдете брод кој е слободен и е најблиску до вашата локација за да го закажете патувањето на посакуваната дестинација низ крајбрежјето на турската престолнина со цени кои се прилично достапни за туристите.