HTC наскоро со дури два екстра Desire таблети

Објавено на 30.06.2015 во Новости



HTC наскоро со дури два екстра Desire таблети

На HTC можеби не му оди најдобро кога е во прашање продажбата на мобилни телефони, но затоа пак има голем интерес за нивните таблети како Nexus 9 кој е супер моќен, па се поставува прашањето каков дизајн и перформанси ќе понуди HTC без помош на Google.
 
 
Сега се откриени два нови таблети кои се во тест фаза се HTC Desire T7 DS кој ќе има 4G LTE конекција и можност за користење на две SIM картички, со 7 инчен HD дисплеј и четири-јадрен процесор. Вториот модел HTC Desire T7 ќе има само WiFi конекција со слични хардверски компоненти, а нивната цена ќе се движи до 250 долари. 
 




Прочитајте повеќе: