Целосно прикажан Microsoft Edge - Новиот веб прелистувач на Windows 10

Објавено на 30.06.2015 во Новости



Целосно прикажан Microsoft Edge - Новиот веб прелистувач на Windows 10

Остана уште помалку од еден месец до официјалното претставување на новиот оперативен систем - Microsoft Windows 10. Денес е објавена нова верзија на тест период, која содржи новости и нов веб прелистувач. Новата верзија се вика Windows 10 Insider Previews Build 10158. Најголемата новост е конечната реализација на Microsoft Edge веб пребарувачот, кој целосно ќе го замени Project Spartan, со чие лансирање, компанијата од Редмонд го пензионира Internet Explorer. Целта на новите верзии не е само официјална промена на името, бидејќи Microsoft Edge ги носи и следните новини:

- Додавањето на „Home“ копчето во прелистувачот директно преку менито за напредни поставки;
- Импортирање на „Bookmarks“ од други веб прелистувачи;
- Нова „Dark“ тема;
- Можност за отворање на „Start page“, New Tab page, Previous page;
- New Tab можност за отворање на Top sites или прилагодена содржина;
- Нов „Password manager“;
- Табовите може да се повлекуваат со "drag and drop" функцијата во нови прозорци.



Треба да обрнете внимание на тоа што ако сте користеле Project Spartan во Microsoft 10 оперативен систем, дека со надградбата на Build 10158, ќе ги изгубите сите фаворити и "колачиња", „Reading list“, односно сето тоа ќе исчезне со надградбата и инсталацијата на новата верзија и Microsoft Edge веб пребарувачот. Во новата верзија на оперативниот систем Windows 10 се додадени и изменети неколку опции, главно поврзани со Tablet mode проблемите. Cortana е надградена и со поддршка за GIF-ови во апликацијата Photos, а најважна новина е дефинитивно Microsoft Edge, за кој екипата од Редмонд има големи планови.





Прочитајте повеќе: