HTC работи на нови Desire таблети

Објавено на 02.07.2015 во Новости



HTC работи на нови Desire таблети

HTC создаде голем интерес за супер моќниот таблет Nexus 9 кој беше изработен со помош на Google, па се поставува прашањето каков дизајн и перформанси ќе понуди HTC само со сопствени сили. По слабата продажба на HTC One M9 потребен им е атрактивен уред кој ќе привлече повеќе купувачи, па тоа може да го постигнат со откриените Desire таблети.
 
Според најновите информации станува збор за два нови таблети кои се во тест фаза. Првиот модел е HTC Desire T7 DS кој ќе има 7 инчен HD дисплеј и четири-јадрен процесор, 4G LTE конекција и можност за користење на две SIM картички. Вториот модел HTC Desire T7 ќе има само WiFi конекција со слични хардверски компоненти. Се уште не е познато официјалното име под кое ќе се продаваат таблетите, а нивната цена ќе се движи до 250 долари.