Контра модата - Apple Watch 2 ќе понуди коцкаст екран

Објавено на 03.07.2015 во Смарт часовници



Контра модата - Apple Watch 2 ќе понуди коцкаст екран

Apple не сака да го следи трендот на паметни Android Wear часовници кои имаат кружен дисплеј и за новата генерација на Apple Watch 2 ќе понуди повторно коцкас дисплеј со мала заобленост на рабовите, што е доволен знак дека силно веруваат во нивниот дизајн и естетика. 
 
 
Android Wear часовниците со кружен дисплеј одлично поминаа кај купувачите,а трендот го започна Motorola со одлично изработениот Moto 360, за кој исто така се верува дека ќе добие нов модел со LTE конекција. Apple Watch 2 се почесто е мета на шпекулации и постои голема можност да се појави на почетокот на 2016-та.