Бомбона видео во 4K - снимено со Lumia 930

Објавено на 03.07.2015 во Новости



Бомбона видео во 4K - снимено со Lumia 930

Nokia Lumia 930 има извонредна камера и може да снима блескави фотографии и видеа. Затоа не е ништо чудно што Microsoft го промовира овој модел на интересен начин. Затоа е објавено видео креирано од National Geographic, снимено во 4К резолуција со помош на Lumia 930. Целта е да се докаже дека камерата од 20 мегапиксели е веродостојна за својата големина и квалитетна алатка за да снимате видео со висок квалитет во екстремни услови кога не можете да носите голем багаж и професионални камери.



Фотографот Стивен Алварез го снимал Парикутин вулканот, во областа „Ring of Fire“, едно од најголемите природни светски чуда. Единствен проблем кога снимате во 4К резолуција е празнењето на батеријата за помалку од еден час кога снимате вака. Повеќе од јасно е дека Lumia 930 во иднина ќе мора да работи на подобра батерија. Погледнете го фасцинантниот видео запис: