LG G Pro 3 ќе ја има вистинската моќ
Објавено на 04.07.2015 во Новости
LG беше прилично тивок изминатиот период за можниот нов Pro фаблет фокусирајќи се само на LG G4 како главен водечки смартфон, но сега еден месец по неговиот пласман добиваме и први протечени информации за спецификациите на LG G Pro 3 кој ќе биде уште помоќен.
Фаблетот LG G Pro 3 планирано е да располага со огромен 6 инчен Quad HD дисплеј со резолуција од 2560 х 1440 пиксели, ќе работи со осум-јадрен Qualcomm Snapdragon 820 процесор, 4 GB RAM, 32 GB меморија, 20 мегапикселна камера, ќе понуди и скенер за отпчеатоци, како и Android 5.1 Lollipop систем.
LG G Pro 3 ќе биде готов до почетокот на септември кога ќе треба да се судри со фантастичниот Samsung Galaxy Note 5.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.