Samsung Pay ќе врти пари од септември

Објавено на 04.07.2015 во Новости



Samsung Pay ќе врти пари од септември

Samsung Mobile ги прави финалните подготовки за лансирање на новиот сервис Samsung Pay за извршување на мобилни трансакции и плаќање директно од самиот смартфон. Платежниот систем ќе биде пуштен во септември во САД и Јужна Кореја, но се уште нема закажан датум за корисниците во Европа. Со Samsung Pay ќе може да го користите телефонот за плаќање со регистрирање на платежната картичка, а ќе биде компатибилен со сите банкарски терминали. 
 
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: