Грците поради кризата останаа без iTunes, PayPal и App Store

Објавено на 05.07.2015 во Новости



Грците поради кризата останаа без iTunes, PayPal и App Store

Грција моментално е во големо медиумско внимание поради продлабочување на кризата во земјата. Поради тоа Грците се соочуваат со ограничување на користењето на некои од најпознатите глобални сервиси.



На корисниците на PayPal и услугите на Apple од iTunes, како и App Store - во Грција им е забрането да извршуваат трансакции, односно да купуваат апликации или онлајн услуги од странство. Контролата на капиталот воведена од тамошните власти очигледно им се удри од глава. Се уште нема проекции до кога би траеле овие ограничувања. Освен купувањето апликации преку App Store или купување на eBay, оневозможено е интернет плаќање на сметка од странство, исто така.



Без разлика дали финансиската криза во Грција е контролирана од надворешни влијанија или пак сето ова е масло на самите власти во земјата, ситуацијата е многу лоша. Со оглед на тоа што софтверскиот бизнис е најголем во 21 век, можете да замислите колкава загуба ќе има земјата со забраната за купување онлајн услуги и слично?





Прочитајте повеќе: