Facebook го напаѓа Youtube со „suggested videos“

Објавено на 05.07.2015 во Новости



Facebook го напаѓа Youtube со „suggested videos“

Facebook ќе почне да им наплаќа на своите корисници што прикачуваат видеа на мрежата. Тоа е поради новата функција Suggested Videos, која се состои од низа клипови со реклами, кои ќе бидат сместени во NewsFeed. Facebook ќе заработува од тие реклами, со што ќе зема 45%, а остатокот ќе оди за авторите на видеото. YouTube им дава ист процент на своите корисници исто така.



„Facebook агресивно вложува во областа на видеата“, изјавила аналитичарката Елени Марули од компанијата IHS.



Новата функција на Facebook е во тест фаза и ќе трае неколку месеци. Нивните корисници секој ден собираат околу 4 милијарди прегледи. Повеќе од очигледно е дека оваа иновација на Facebook претставува голема закана за YouTube. Suggested videos е сериозна закана за видео сервисот YouTube, кој одамна доминира во својот сегмент на пазарот.