Oukitel U10 - добри перформанси, дизајн и пристојна цена

Објавено на 06.07.2015 во Новости



Oukitel U10 - добри перформанси, дизајн и пристојна цена

Ако сакате смартфон со добар дизајн, супер перформанси и евтина цена, моделот Oukitel U10 е дефинитивно за вас. Телефонот е моќен 5.5 инчен 4G смартфон и доаѓа со напредна Hotknot Fingerprint технологија, а има и можност за ставање на две СИМ картички. Hotknot Fingerprint технологијата им овозможува на корисниците да го отклучуваат уредот со самото подигнување од маса, дури и кога е заклучен. Се што треба е да го притиснете еднаш екранот. Секако, тоа не значи и опасност дека ќе ви се отклучува и кога ви е во џеп.



Oukitel U10 има FullHD екран со резолуција од 1920 x 1080 пиксели, 8-јадрен процесор со брзина од 1.5GHz, 3GB RAM меморија, 16GB меморија за складирање на податоци и функционира на Android 5.1. Камерата од предната страна се одликува со 5MP, додека задната е 13MP. Овој модел моментално може да се најде во пред-нарачка и да се купи за цена од 159 долари со попуст, при што редовната цена изнесува 165 долари. Солидни перформанси, внимателно изработен дизајн и пристојна цена - што друго би можеле да посакаме?