Facebook - откриј дали си избришан од пријатели

Објавено на 06.07.2015 во Новости



Facebook - откриј дали си избришан од пријатели

Мобилната апликација „Who Deleted Me on Facebook“ ви открива кој не ви е пријател повеќе на социјалната мрежа Fаcebook.



Се работи за програмски додаток за Facebook, кој брзо и едноставно ви открива кој ве отстранил од списокот на пријатели. Освен тоа, апликацијата може да ви каже и кој го деактивирал својот профил на најпопуларната социјална мрежа.



Инсталирањето е многу едноставно, апликацијата е постојано активна и со секое рефреширање на страницата, добивате известување и имате увид во состојбата во секое време.



Апликацијата е достапна за iOS и Android софтвери, а може да ја инсталирате и како додаток на вашиот веб-прелистувач. Овде постојат одредени ограничувања - од веб-прелистувачите има поддршка за Chrome, Mozilla Firefox и Opera, а ако го користите Internet Explorer на Microsoft или Safari на Apple, нема да имате поддршка. Некои велат дека „Who Deleted Me on Facebook“ не е практична и само зависниците од Facebook ќе ја користат апликацијата, но сепак секој има право да прави што сака. Не се сомневаме дека апликацијата ќе достигне голема популарност.