LG G4 снима фантастично од дрон

Објавено на 07.07.2015 во Новости



LG G4 снима фантастично од дрон

LG Mobile продолжува да ја истакнува 16 мегапикселната камера на LG G4 со одлични можности за слики со богати детали и израз на бои, голема прецизност и стабилност. Тоа што го издвојува LG G4 од конкуренцијата е напредната оптичка стабилизација за снимање на супер квалитетни видеа со HD резолуција. Овој пат LG G4 е прикачен на дрон за снимање на фантастични панорамски снимки, па погледнете во продолжение и дадете ваша оценка за квалитетот.