Русија ја зафати епидемија на смртоносни селфија

Објавено на 08.07.2015 во Новости



Русија ја зафати епидемија на смртоносни селфија

Во Русија од почетокот на годината досега има 10 смртни случаи на луѓе кои сакале да направат атрактивни селфи фотки, а уште стотина се повредиле, по што владата реши да започне јавна кампања со која ќе ја укаже опасноста од ризикување на својот живот за да се направи сензација на социјалните мрежи.
 
 
Интернет културата во Русија е навистина бизарна со многу луди видеа и селфи фотки кои го одземаат здивот, но за жал и животот. Јавната владина кампања за остатокот од Европа звучи малку наивно, на за одредени сегменти прилично зачудувачки, на пример не правете селфи додека возите излезени преку шофершајбната, потоа во близина на диви животни, качени на далекувод или пак додека скијате на вода. 
Автор: Aleksandar Stankov