Тестирајте дали ви е хакирана безжичната мрежа

Објавено на 09.07.2015 во Новости



Тестирајте дали ви е хакирана безжичната мрежа

Безбедноста на интернет моментално е една од топ темите за модерната технологија, за која најмногу се зборува. Ако сакате на брз и едноставен начин да проверите дали некој ја нападнал вашата домашна безжична интернет мрежа, тоа може да го направите со оваа веб-апликација. Не знаеме дали ќе можете да ја спасите мрежата од лошите момци, но сепак може да проверите со сигурност дали некој ви ја пробил мрежата.



Оваа веб-алатка е многу едноставна и не ви бара предзнаење. Доволно е само да го започнете тестирањето директно од веб-страницата на компанијата F-Secure. Компанијата F-Secure е високо позиционирана во областа на компјутерска безбедност, така што може да имате доверба во ова. Принципот на алатката е едноставен - F-Secure Router Checker ќе ја анализира вашата мрежа со нагласок на DNS (Domain Name System), кој е најчеста мета на напади и најчесто се користи за загрозување на безбедноста на мрежните протоколи и системи. Вашиот рутер ќе биде анализиран за кратко време и може да го започнете тестот од било кој уред што е конектиран на мрежата.

Автор: Aleksandar Stankov