Mercedes - нов систем за паркирање со апликација

Објавено на 11.07.2015 во Новости



Mercedes - нов систем за паркирање со апликација

Германскиот производител креирал систем со полуавтоматско паркирање на возила, кој ќе биде достапен кај следната генерација на Е класата.



Remote Parking Pilot системот ќе биде од голема помош во ситуација со тесен простор за паркирање. Со апликацијата на вашиот смартфон ќе може да управувате со возилото кон напред и кон назад, колку што ќе ви биде потребно за да го паркирате автомобилот, или да излезе од паркинг просторот.

Се уште не се познати сите спецификации за новиот Е модел на Mercedes-Benz. Се знае само дека ќе има повеќе верзии со 4, 6 и 8-цилиндарски мотори, со моќност од 315 коњски сили (6 цилиндри) и 125 коњски сили (4 цилиндри).



Замислете, вие си стоите до вашиот Бенџо и го паркирате со копче од вашиот смартфон, исто како на филмовите. На оваа иновација ќе може да и се радувате идната година, бидејќи тогаш излегува новиот автомобил со Remote Parking Pilot системот.