Google Inbox ќе ви отвори потсетник кога сами си праќате мејл

Објавено на 14.07.2015 во Новости



Google Inbox ќе ви отвори потсетник кога сами си праќате мејл

Inbox апликација на Google доби нова опција со која ќе може веднаш да отворите потсетник штом ви треба одредена порака или податоци да си ги пратите самите на себе наместо да отварате посебна апликација додека работите со мејлот.
 
 
Google Inbox веднаш ќе го активира потсетникот штом ја внесете вашата адреса во полето за примачот и ќе ги зачува информациите кои ви се потребни. Google Inbox е одлично надополнување на Gmail за Android, но може да се синхронизира со сите мејл клиенти, а може да управувате и со повеќе адреси.
Автор: Aleksandar Stankov