Commodore прави смартфон со легендарните игри

Објавено на 15.07.2015 во Новости



Commodore прави смартфон со легендарните игри

Commodore беше култен бренд пред 20-тина година, со 8 битниот компјутер со прилично едноставни команди. Компанијата за жал пропадна во 1994, но брендот е лиценциран и го користи правно лице од Велика Британија. Нивната идеја е да лансираат смартфон кој ќе ги има сите модерни ефекти, но ќе располага со два емулатори за старите 8 битни игри кои на времето беа многу заразни, а денес се дел од поп културата и носталгијата.
 
 
Смартфонот Commodore PET ќе работи со 5.5 инчен Full HD дисплеј, осум-јадрен процесор, 2 GB RAM, 16 GB меморија, 13 мегапикселна камера, батерија со капацитет од 3000 mAh, 4G LTE конекции, а за софтверот го користи Android Lollipop. Commodore PET наскоро ќе биде пуштен во продажба за солидна цена од околу 300 евра.