Што процесор ќе има чудовиштето Nexus 5 (2015)

Објавено на 15.07.2015 во Новости



Што процесор ќе има чудовиштето Nexus 5 (2015)

Новиот Nexus 5 (2015) за прв пат с епојави на Geekbench сајтот за мерење на перформанси и веднаш ја здроби конкуренцијата поставувајќи нов рекорд со освоени над 85 илјади поени или за 20 илјади повеќе од второпласираниот Meixu MX4. Nexus 5 (2015) со вакви перформани дава на знак дека има нов супер моќен процесор за кој се претпоставува дека е или Snapdragon 820 кој се уште никој го нема или пак неоткриен досега процесор на LG.
 
Како што асоцира самото име LG повторно ќе го изработува Nexus 5 (2015) откако заврши одлична работа со Nexus 5 и Nexus 4, но сега ќе внесе целосно нов дизајн, помоќни компоненти, нова камера од 20 мегапиксели, како и батерија со драстично поголем капацитет. Повеќе детали засега нема, но Nexus 5 (2015) ќе биде еден од најжешките телефони во наредниот период, па сигурно ќе добиеме уште многу сочни детали.