Flash Player повторно вратен во нормала

Објавено на 16.07.2015 во Новости



Flash Player повторно вратен во нормала

Ноќниот кошмар со Flash Player завршува, компанијата Adobe конечно ги поправи двата пропуста. Новата верзија на Adobe Flash Player додатокот 18.0.0.209 е препорачлива за да се инсталира. Но, внимавајте, ако ги инсталирате постарите верзии, ќе бидете изложени на ризик со можност за повторно да имате проблеми во иднина.



Претходно пишувавме за малиот скандал што настана со блокирањето на Flash додатокот од страна Mozilla и Facebook. После силните критики, Adobe го исполни своето ветување дека ќе го исправи проблемот при крајот на неделата. Корисниците повторно може да го користат слободно Flash додатокот без грижа. Не заборавајте да го надградите вашиот Flash Player со новата верзија 18.0.0.209.