Microsoft Surface Pro 4 за октомвриска револуција

Објавено на 16.07.2015 во Новости



Microsoft Surface Pro 4 за октомвриска револуција

Microsoft го подготвува најсилниот Surface таблет од четвртата генерација кој треба да пристигне во октомври, а најголем адут покрај во хардверските потенцијали ќе има и во обновениот оперативен систем Windows 10.
 
 
Microsoft Surface Pro 4  ќе работи на новиот Skylake процесор на Intel, ќе има 4 GB RAM, 32 GB меморија, како и модели со многу поголеми мемориски капацитет, а тука ќе бидат вклучени и стандардните додатоци како физичка тастатура за трансформација во лаптоп. 
 
 
Со Windows 10 ќе има целосно функционални десктоп апликации и нови сервиси како Cortana, Edge прелистувачот и нови безбедносни стандарди. Најголема пречка за Surface е високата цена од 800 долари па нагоре, па затоа се надеваме дека овој пат Microsoft ќе понуди многу поприфатлив договор.




Прочитајте повеќе: