Motorola на 28 јули напаѓа со три нови смартфони

Објавено на 16.07.2015 во Новости



Motorola на 28 јули напаѓа со три нови смартфони

Motorola Mobility ќе има огромно промотивно шоу закажано за 28 јули на кое очекуваме да бидат претставени третите генерации на одличните серии на смартфони Motorola Moto G, Moto X и Moto Droid.
 
 
За европскиот пазар особено се интересни Moto G3 и Moto X3 поради нивните квалитетни компоненти, врвни перформанси и одлична изработка по цени кои се нешто пониски од вообичаената конкуренција. Исто така ќе биде преставен и нов Moto Droid со екстра издржлива батерија со капацитет од околу 4000 mAh, 20 MP камера и моќен Snapdragon процесор. 
 
Промотивниот настан ќе биде глобален и ќе се одржи во Лондон, Сао Паоло и Њујорк, па повеќе информации ќе пренесеме наскоро.