Ултра тенкиот Samsung Galaxy Tab S2 доаѓа наскоро

Објавено на 18.07.2015 во Новости



Ултра тенкиот Samsung Galaxy Tab S2 доаѓа наскоро

Samsung редно е да направи огромен успех и со Galaxy Tab S2 серијата на таблети, па затоа ќе биде применет сличен дизајн и елементи како кај Galaxy S6 со врвни перформанси и екстра квалитет. Досега најмногу информации имавме за Galaxy Tab S2 со 8 инчен 2K HD дисплеј, a сега добиваме и податоци за поголемиот модел со 9.7 инчен Super AMOLED екран со резолуција од 1536 x 2048 пиксели.
 
 
Galaxy Tab S2 9.7 ќе располага и со моќен хардвер предводен од осум-јадрен Exynos 7420 кој е убедливо еден од најмоќните, потоа 3 или 4 GB RAM меморија што уште не е потврдено и батерија со капацитет од околу 6000 mAh. Galaxy Tab S2 ќе биде еден од најтенките таблети со 5.9 милиметри и очекуваме промоцијата да се одржи набрзо.