Samsung Galaxy Note 9: Иновативен технолошки уметник со „волшебно стапче“

Објавено на 13.08.2018 во Рецензија


Samsung Galaxy Note 9: Иновативен технолошки уметник со „волшебно стапче“

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.9


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Новиот Samsung Dex е со USB кабел;
- Најдобар систем за ладење;
- S Pen со Bluetooth технологија;
- Огромен и квалитетен дисплеј;
- Двојна задна камера со голема бленда;
- Смарт детекција во камерата;
- Сертификат за водоотпорност;
- Камера со вештачка интелигенција;
- Премиум перформанси;
- Голема внатрешна меморија;
- Батерија што се полни брзо и долго трае;
- Најдобар систем за ладење преку јаглен и вода;

 

Negatives:



Целата рецензија

S Pen на Note 9 е навистина вредна Bluetooth алатка на Samsung, со која веруваме дека корисниците дефинитивно ќе ги купи. Овој модел на смартфон ќе може да ви биде големо помагало за патувања, презентации, за лична употреба, за вадење квалитетни слики од одмори и многу друго. Не можеме да опишеме колку добро го осмислил Samsung новиот модел. Уверете се самите. Претходно пишувавме и дека под хауба (тоа што никој не го гледа), Note 9 го има најдобриот систем за ладење со вода. Да, убаво прочитавте, со вода.  

„Новиот уред е дизајниран за ниво на перформанси, моќ и интелигенција кои корисниците на денешницата ги сакаат и им се потребни. Фановите на Note се најлојалните корисници на Samsung. Знаеме дека тие сакаат сѐ - да го искористат максимумот од работните можности и можностите за забава, а Galaxy Note 9 е единствениот телефон кој може да ги следи нивните динамични животи”, изјави ДЏ Кох, извршниот директор на одделот за ИТ и мобилни комуникации во Samsung.

Дизајн и дисплеј

Note 9 има Quad HD+, Super AMOLED, Infinity Display, специфичен само за Samsung уредите, со големина од 6,4-инчи и густина на пиксели од 516ppi. Овде добивате целосно искуство од предната страна, без непотребни површини што не ви користат. Бесконечниот екран на телефонот има и AKG стерео звучници, и квалитетно аудио од Dolby Atmos, со што добивате реално добар звук.

YouTube дури го го стави Note 9 прв на листата како смартфон што ви овозможува најдобро искуство за гледање на YouTube содржини, за што пишувавме на овој линк. 

Софтвер

За бизнис корисниците ова е добра шанса, затоа што со S Pen ќе може да поентираат за време на презентација, ќе може да го поврзаат со телевизор, со цел да мо
е да презентирате како од компјутер. За таа намена производителот ја осмислил канцеларијата Dex. Досегашниот Dex беше специјален и наменски уред, а новиот Dex е само USB кабел, кој се приклучува со смартфонот и телевизорот.

Samsung и Epic Games потпишаа договор, со што ви се доделува мегапопуларната игра Fortnite, за која треба екстра да доплатите 100 долари, која доаѓа ексклузивно со датата кога за прв пат беше објавена Android верзијата. Со ова компанијата дефинитивно ќе ги придобие гејмерите. 

Samsung Galaxy Note 9 го има најновиот оперативен систем Android 8.1 Oreo, кој наскоро ќе се надгради со Android 9.0 Pie, располага со технологија за брзо безжично полнење, IP68 сертификат за водоотпорност и отпорност на прав, со максимално дозволено потопување до 1,5 метри во свежа вода до 30 минути. Понатаму имате апликација за здравје Samsung Health и Samsung Pay за наплата.

Безбедносната платформа Knox е повторно тука, која располага со биометриски и безбедносни опции за безбедно скенирање на отпечатоците од прстите, скенирање на ирисот и препознавање на лице, со цел вие и вашите строго лични податоци да бидат безбедни.

Samsung креирал цел екосистем кај овој премиум фаблет, со тоа што со SmartThings апликацијата ги контролирате сите поврзани уреди или може да го персонализирате и поедноставите вашето користење со помош на интелигентниот асистент Bixby. Овој пат го имате на располагање и Spotify, со цел да имате музика полесно на дофат, синхронизирање и пренос на музика и плејлисти, Galaxy Watch и смарт телевизорите. 

S Pen

S Pen е во центарот на вниманието, кого го имате во жолта, сина, кафеава и црна боја. Стилусот го полните само 40 секунди, а ќе ви трае половина час. S Pen има Bluetooth конекција, со која ќе може да вршите неколку задачи. Ќе можете да се фотографирате со негова помош, да правите презентации или да цртате како вистински уметник.

S Pen има технологија за идентификување на 4,096 различни нивоа на притисоци, со што ќе може да цртате прецизно или рачно да пишувате пораки. Со поддршка за Bluetooth Low-Energy - BLE, новиот S Pen има целосно поинаков начин правење селфи и групни слики, да паузирата и пуштате видео, и многу други нешта.

Камера

Samsung ја креираше најинтелигентната камера досега со двојна задна камера од 12MP+12MP и широчина на бленда од F1.5 и F2.4. Со камерата имате 2X оптички зум и 10x дигитален зум, додека предната камера е 8MP и има широчина на бленда од F1.7. Задната камера содржи вештачка интелигенција за препознавање на сцени и се активира многу брзо.

Кога ви е отворена камерата ќе можете со двојно кликање врз екранот да ја превртите камерата, односно да се префрлите од предна на задна и обратно. Новата технологија на Samsung Galaxy Note 9 за Смарт Детекција препознава позадини и предмети благодарение на вештачката интелигенција. Секогаш кога фотографирате, ќе ви се појавува известување дека сликата нема да излезе квалитетно, па затоа ќе реагирате на вреем и ќе си креирате спомени како што доликува. Со оваа камера дефинитивно ќе се претворите во професионални фотографи.

Камерата има оптимизатор на сцена, со што Note 9 ја поседува најпаметната камера досега. Таа ги идентификува елементите на сликата, сцената и предметот, за автоматски да ги класифицира во категориите и така категориски ја оптимизира камерата. Ја пробавме камерата, која дефинитивно резултира со реалистични фотографии со дефинитивно чисти и динамични бои. Камерата открива и недостатоци, со тоа што може да направите друга слика, без да ја изгубите претходната, односно се појавува известување ако трепкате, имате отисоци или прашина на објективот, или пак одредени светлечки влијанија го влошуваат квалитетот на кадарот. 

Перформанси

Кориснциите сакаат смартфон со батерија што ќе трае цел ден, секој ден. Батеријата со капацитет од 4.000mAh на Galaxy Note 9 е најголемата батерија досега кај премиум класата на Samsung, со долготрајност во разговорите, пишувањето, игрите и гледањето филмови. Note 9 е достапен во две верзии со меморија за лични податоци - 128GB и 512GB. Се разбира, имате и можност за ставање на microSD картичка, со што може да стигнете до 1TB.

Процесорот е изработен преку 10nm процесор, кој изнесува 64 битови, со 8 јадра, односно со две од 2.7GHz и две од 1.7GHz. 10nm процесор има поддршка за највисоките мрежни брзини до 1,2 GBps за проследување и преземање на содржини. Note 9 го има најиновативниот систем за ладење со вода и јаглерод и алгоритам за адаптирање на перформансите базиран на вештачка интелигенција, со цел да постигне моќни перформанси. Неговата RAM меморија може да биде 6GB или 8GB, во зависност од тоа за кој модел ќе се одлучите. 

Заклучок

Samsung Galaxy Note 9 во Македонија ќе биде достапен за купување од 24 август, 2018 година. Го имате во варијанта со полноќно црна боја, лаванда виолетова боја, океанско сина боја и уникатно жолто S Pen со Bluetooth, како што погоре споменавме.

Ова е дефинитивно одлично завршена работа од страна на јужнокорејскиот гигант. Имаме многу сочни иновации за спецификациите на премиум уредот, на што сме горди, затоа што пазарот се менува кон подобро. Вештачката интелигенција овде дефинитивно зема замав, а особено неговиот S Pen со Bluetooth конекција.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm