Motorola Moto G6 го издигнува името на „G-серијата“ на повисоко ниво

Објавено на 03.09.2018 во Рецензија


Motorola Moto G6 го издигнува името на „G-серијата“ на повисоко ниво

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Подобрен алуминиумски дизајн;
- Поголем и потенок дисплеј;
- Заштита од гребаници;
- Поквалитетен дисплеј;
- Подобар процесор;
- Гестикулации со цел побрзо ракување со Moto G6;
- Турбо технологија за полнење;
- Долготрајна батерија;

 

Negatives:



Целата рецензија

Moto G6 го зголеми дисплејот на 5.7-инчи со сооднос од 18:9 и со подобрена Full HD+ резолуција. Тука имате и технологија за препознавање на лице, како и сензор за отпечатоци за отклучување. USB-C технологијата за полнење ќе помогне побрзо да се наполни телефонот, а новите две задни камери се вистинско освежување, со заобленото стакло и металниот дизајн. Ајде да видиме колку вреди новиот модел на Motorola.

Дизајн и екран

Moto G6 со новиот дизајн е поголем од претходно, што е одлично за гледање на филмови. Интересно е тоа што не е поширок, туку малку повисок. Moto G6 е потенок во споредба со својот претходник, а од друга страна предност е тоа што има поголем екран. Многу полесен е за сместување во вашиот џеб.

Motorola дури и го подобрува квалитетот на материјалите што се користени за уредот. Moto G6 располага со метална рамка, а екранот странично е заоблен, и отпорен на гребаници благодарение на Gorilla Glass. Ова е голема предност во дизајнот, со оглед на тоа што претходните Moto G уреди главно беа изработени од пластика. Moto G6 изгледа многу подобро.

IPS LCD дисплејот на Moto G6 е одличен, со големина од 5.7-инчи, панелот е повисок и имате екстра резолуција, која се подобри од FHD на FHD+. Со оваа големина на резолуција имате подобри детали на сликите и видеата, а во комбинација со големиот дисплеј дефинитивно добивате одлично искуство при гледањето филмови и клипови на Netflix и YouTube. 

Перформанси

Moto G6 под хауба располага со најновиот процесор за средна класа на Qualcomm - Snapdragon 450. Имате и Adreno 506 графички процесор и 3GB RAM меморија. Минатогодишниот Snapdragon 430 процесор кај G5 и поевтиниот Moto G6 Play беше дефинитивно послаб. Snapdragon 450 има транзистори од 14nm, кои се со преполовена големина во споредба со оние на 430.

Колку помали се транзисторите, толку поефикасни се процесорите, а тоа води и кон подолготрајна батерија. Затоа, Snapdragon 450 има значително подобрување.Обичните задачи како пто се Instagram, праќање мејлови и слушање музика на Spotify одат лесно, а може и да играте поинтензивни игри, но не од најмоќните, како што се на пример Dots, Alto’s Adventure, Threes и дури Lara Croft Go.Внатрешната меморија од 32GB е навистина благородна, додека MicroSD поддршката дефинитивно е добредојдена. 

Софтвер

Модифицираната верзија на Android, како кај претходните Moto телефони, G6 располага со Android 8.0 оперативен систем, кој е малку сличен со оној на Google Pixel. Moto е добар и препознатлив по тоа што има повеќе свои апликации и го прави оригинален софтвер. Одлична е Photos апликацијта со која може да правите бекап и да ги снимате вашите снапови. Ова е одличен потег во споредба со Google, кој го нема ова. 

Motorola има технологија за препознавање на лице во овој модел, со што ви овозможува да го отклучите телефонот со вашето лице. Moto G6 едноставно ја користи камерата за сликање на лицето, со цел да го отклучите екранот.

Се разбира, тука го имаме и сензорот за отклучување на вашето лице, со цел да ја отклучувате вашата банкарска апликација или да купите филм од Google Play. Другите Moto алатки ја вклучуваат можноста за користење на сензорот за отпечатоци, како гестикулација и наместо типичните навигациски Android копчиња, имате пократки начини за вклучување на камерата со превртување на телефонот. Имате и неколку други гестикулации со кои многу полесно може да го користите телефонот. Секоја чест за софтверот.

Камера

Камерата на овој телефон е одлична, која фокусира брзо благодарение на добриот процесор, и преминувањето кај различните режими се одвива брзо. Квалитетот на звукот е доволен, исто како и микрофоните. Најголемата надградба на Motorola G6 е двојната задна камера, која ви овозможува да креирате неверојатни фотки, вредни за спомени, со многу детали на сликите. Huawei P20 на пример има монохроматски сензор за да го поддржи главниот сензор, додека LG G6 има секундарна камера со широк агол за да собере уште повеќе детали.

Задниот главен сензор изнесува 12 мегапиксели, додека претходниот 13 мегапикселен сензор на G5, не значи дека беше подобар. Тоа не е така како што изгледа, затоа што оваа камера доаѓа со поширока бленда од f/1.8, со што дозволува да влезе повеќе светлина во сензорот и на тој начин сликите излегуваат поквалитетни. Секундарната камера изнесува 5 мегапиксели. Сликите на Moto G6 се солидни, особено кога сте на дневна светлина. Небото е сино, растенијата се со убава зелена боја и светлите бои не ја губат својата енергичност. Дефинитивно ќе имате убави слики за Facebook и Instagram.

Батерија

3000mAh е речиси универзален капацитет како за батерија, што можеби изгледа просечно, но не е така како што изгледа. Благодарение на режимот, USB-C влезот и процесорот што го поседува Moto G6, батеријата дефинитивно ќе ве држи долго време. Може да изгледате стриминг филм на Netflix што ќе ви одземе 11-13%, додека 30 минути со Lara Croft Go може да ви одземе 20%. Батеријата има одлични перформанси кога општо ја употребувате. Брзата технологија за полнење на Moto - Turbo Power, ја имате тука и многу ќе ви се најде. Благодарение на неа, телефонот ќе може да го полните за 1 час и 55 минути до 100%. 

Заклучок

G-серијата на Moto е најдобро продаваната линија и навистина не е тешко да се види зошто. G6 е навистина добар пакет на технолошки уред, кој дефинитивно ги исполнува вашите очекувања за цена од 220 фунти. Лесен и интуитивен е за користење, со добар софтвер, брзи перформанси, супер камера за млади луѓе и оние што сакаат профи слики.

Дизајнот му е изработен така што нема да сакате да го оставите на мир, затоа што ви се слева во раката кога го ракувате. Неговиот квалитетен екран нема да ве остави рамнодушни и дефинитивно ќе ве задоволи кога гледате филмови на него. Moto G6 Plus исто така нема да ви го уништи добриот впечаток, кој дефинитивно ќе ве импресионира со неговите подобрувања во процесорот и камерата, за кого, се разбира, е повисока цената.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm