Motorola Moto G6 Play е смартфон што ви дава многу, за малку пари

Објавено на 05.09.2018 во Рецензија


Motorola Moto G6 Play е смартфон што ви дава многу, за малку пари

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.7


Цена
10.0


Камера
9.8


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

- Многу можности за мала сума на пари;
- Неодолив дизајн;
- Чист Android 8.0 Oreo со надградба;
- Солидни перформанси за секојдневни операции;
- Можности за додатоците на Motorola (контрола на телефонот, гестови.

 

Negatives:

- Ноќно снимање;



Целата рецензија

Најлесно пристапниот член на Motorola G6 фамилијата, со суфикс Play, има многу адути, без оглед на тоа што е во пониска категорија. Овој модел ни дава голема доверба во Motorola, затоа што производителот дефинитивно знае што прави. На што мислиме? G6 Play од новата серија на телефоните од средна класа зазема интересна позиција, со оглед на тоа што се работи за најлесно најпристапниот уред. 

Дизајн и дисплеј

Motorola ја препороди својата нова серија со дизајнот на G6, во која спаѓа и G6 Play како најлесно пристапен модел. Сосема е сигурно дека лесно ќе го препознаете овој телефон како член на Motorola фамилијата, благодарение на линиите на горниот и долниот раб на телефонот, како и заобчените агли што се претворија во своевиден еталон за препознавање на уредот на компанијата. Како и другите модели од серијата, G6 Play исто така премина на екранот со сооднос од 18:9 и на тој начин се тргна од досегашните претпоставки со екраните со сооднос од 16:9 на кои Motorola инсистираше. 

Димензиите на смартфонот со дијагонала од 5.7 инчи се погодени, лесен е да се држи во рака и така корисниците во тој поглед нема да имаат проблеми. Што се однесува до квалитетот на изработката, ова е секако за оваа класа. Не затекнуваме никакви делчиња што крцкаат или некои слаби спојки и слично. Материјалот е комбинација од пластика и стакло, а предниот панел е со Gorilla Glass заштита на стакло.

Moto G6 Play доаѓа со IPS екран со добра осветленост, има одлични агли за гледање, одличен приказ и резолуција од 1440 x 720 пиксели (HD Ready+). Со густина на пиксели од 282PPI, приказот на екранот е дефинитивно добар. Односот на покриеноста од предната страна на екранот достигнува над 75%, а екранот е прекриен со Corning Gorilla Glass стакло, што е дополнителна вредност за корисниците. Ќе можете да спиете помирно кога знаете дека телефонот е натпросечно отпорен на механички оштетувања.

Перформанси

Со оглед на тоа што се работи за телефон од ниска класа, Motorola направила одлични спецификации со оглед на тоа што вградила добар хардвер. Моделот доаѓа со 8-јадрен Snapdragon 430 процесор, а неговите јадра работат со 1.4GHz. Како и да е, телефонот пристигнува со чист Android 8.0 Oreo оперативен систем и тоа е од голема помош. Имате Adreno 505 графичка картичка. Motorola Moto G6 Play доаѓа со 3GB работна меморија, што за еден телефон е повеќе од доволно. Од внатрешната меморија имате 32GB на располагање. Доколку е недоволно за корисниците, секогаш можете да ја проширите меморијата брзо и лесно преку microSD картичка со максимален капацитет до 256GB. 

Софтвер 

Мора да кажеме и дека G6 Play го доби системот на “fade” нотификации на Motorola, кои се манифестираат така што на неколку секунди се вклучува екранот и ги прикажува основните информации за времето, пристигнатите известувања, часовникот и батеријата. Оваа опција е дефинитивно корисна. Со опциите за екранот во софтверот може да бирате режим за приказ, заситени бои и слично. Немате детални подесувања, но ги имате доволно за да го промените генералниот приказ на уредот. Овде имаме одлични оценки за начинот на прикажување на нештата на екранот.

Како што рековме, Motorola G6 Play има Android 8.0 софтвер, кој е одлично оптимизиран од страна на производителот и дефинитивно е вградено се што максимално може да се добие од Android светот. Motorola ги има своите гестови под ознаката Moto Actions. Постојат многу начини на кои можете да ги искористите. На пример, со употреба на одредени движења може да ја активирате камерата, да се префрлате од предна на задна камера, да го свртите телефонот за да одбиете повик или да го подигнете од масата за да се намали нивото на звукот при ѕвонењето, да направите скриншот на брз начин со притисок на три прсти, итн. Навистина е одлична вест кога знаеме дека имаме вакви опции за полесно ракување со телефоните на Motorola што чинат само 200 евра. 

Батерија

Батеријата има капацитет од 4.000mAh, која може да се наполни до за брзо време 35%, исто како и до 44%. До 100% се полни за брзо време, а за таа намена има microUSB конектор. Батеријата може да издржи со 9 часовно постојано гледање на YouTube видеа, што воопшто не е лошо. 

Камера

Motorola G6 Play нема дуален систем на работа, има сензор од 13MP, сместен од задната страна и е благо испапчен, односно одлично е дизајниран во овој поглед. Кога станува збор за софтверот, Motorola употребува стандардна апликација, која веќе добро ја знаеме. Ни се допаѓа добро смислениот layout, благодарение на кого секогаш имате важни опции надофат на рацете, што многу производители го забораваат. Од главниот екран се достапни HDR и блицот, а постои и опција за корстење на професионалниот режим со индивидуално подесување на различни параметри, се додека сите операции се извршуваат лесно и интуитивно. 

Контролите со гестови, како што е активирањето на камерата со потресување или обраќање со дланката со цел да се пристапи кон задната или предната камера. Сето тоа може да послужи во секојдневната употреба кога треба нешто брзо да се снима или лесно да прејде кон другата камера без барање на иконки. Значи, позади имаме сензор од 13MP, големина на пикселот од 1.12 микрометри, а се одликува со некои ставки, за кои конкурентите со телефони од 200 евра може само да им завидуваат. Имате неверојатен отвор на бленда од f/2.0, LED блиц, фазна детекција, автофокус за камерата брзо да фокусира и употребата на камерата е многу брза. 

Фотографиите навистина изобилуваат со детали, и софтверот ги омекнува сликите. Квалитетот би можел да биде доведен во прашање само кога фотографираме во ноќно време без доволно светлост, што е многу нормално. G6 Play има и HDR режим, што е голем плус, прилично ги осветлува сите делови на кадрите, вклучувајќи ги и оние што се веќе добро осветлени. Предната камера е солидна и има сензор од 8MP, со отвор на бленда од f/2.2, и поддршка за 1080p видео снимање и LED блиц. За оваа класа е дури и повеќе од доволно.

Заклучок

Со тестирањето заклучивме дека ако евтините телефони се вакви, значи дека постигнавме одлични стандарди, затоа што овој модел има многу што да покаже. Осум-јадрен процесор, солидна конструкција, заштитно стакло, одлична камера, огромна батерија, а сето тоа за многу примамлива цена. Значи, имате солидни перформанси за ниска цена.
Moto G6 Play е многу добар и пристоен телефон. Ценовно е прифатлив, има супер спецификации и тоа е она што го прави атрактивен. Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm