Разлика меѓу Биткон, илегален пазар и перење пари

Објавено на 04.09.2018 во Рецензија


Разлика меѓу Биткон, илегален пазар и перење пари

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Регулативата ја зголемува безбедноста на интернет и перењето на пари;

 

Negatives:



Целата рецензија

Специјалистите за ИТ безбедност и криптозаштита, објаснуваат каква иднина би ги очекувало криптовалутите, во случај државите да го преземат нивното регулирање на свој грб. Технолошките достигнувања на системот со криптовалути се покажаа како многу ефикасно во извршување на финансиски трансакции. Блокчејн технологијата игра значајна улога во целиот процес како одлична платформа за функционирање на биткоинот и другите виртуелни валути. И покрај своите безбедносни карактеристики, системот стана предмет на интерес за криминогените структури.

Токму поради недостаток на регулатива, илегалните трансакции се многу лесно изводливи за користење на криптовалутите. На тој начин може да се набави различна роба и услуга на црниот пазар, додека системот се покажа како многу ефикасен и за перење на пари, односно воведување на илегално стекнати пари во легални текови. Сведоци сме за интензивната борба против перење на пари и финансирање на тероризмот што се спроведува на интернационално ниво.

AML (Anti Money Laundring) активностите значително им отежнваат на криминалните структури со преведување на илегалните пари во легална роба или услуга. Исто така, потребата за познавањето на клиентот со кого работи KYC (Know Your Customer) е применлива во системот на криптовалутите, затоа што анонимноста е еден од најпрокламираните постулати.

Се поставува прашањето каде се влезните и излезните точки во системот на криптовалутите, кои овозможуваат перење на пари? Може да се забележи дека услугите за конверзии се на местата кои што би требало да се контролираат со цел спречување на злоупотреба на системот на виртуелните валути. Услугите за конверзии се извршуваат на платформи што може да извршуваат повеќе различни активности и токму тие платформи би требало законски да се регулираат.

На платформите за конверзија се извршува претварање на биткоините во FIAT валути (валути што државите ги декларираат како легални), претварање на биткоините во други криптовалути, како и префрлање на биткоините од една адреса на друга, односно од еден сопственик на друг. Се вршат и обратни процеси исто така, префрлување од биткоин или некоја друга криптовалута во некоја од FIAT валутите. Освен тоа, постојат и сервиси за наводна распределба на криптовалутите меѓу сопствениците, кои овозможуваат да се изгуби секоја трага до првобитниот сопственик. Споменатите платформи овозможуваат едноставно воведување на илегално стекнатите пари, во легални активности и текови.

Истражувањата покажуваат дека бројот на учесници во трансакциите што го користат биткоинот за перење на пари и илегална трговија, ги сочинуваат 10% од вкупниот број на корисници, кои тргуваат дури со 50% од расположивите биткоини. Законодавците за време на регулирањето на областите на криптовалутите би требало да ги почитуваат препораките што се однесуваат на сегашната AML регулатива. Прописите би требало да ги применат на платформите за конверзија, како и на платформите за коцкање, кои се исто така еден од изворите за перење на пари.

Според некои проценки, во три од наведените платформи се вршат околу 97% од перењето на пари преку употреба на криптовалути. Предизвикот кај примената на регулативата е тој што платформите се главно анонимни или децентрализирани, односно дистрибуирани во повеќе различни држави. Решенијата би требало да бидат технолошки применливи. Каква регулатива би била донесена и како илегалниот пазар ќе реагира, останува допрва да се види. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm