Зошто цените на iPhone и Android уште ќе растат

Објавено на 10.09.2018 во Рецензија


Зошто цените на iPhone и Android уште ќе растат

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Иновации и подобрена мобилна технологија;

 

Negatives:

- Тренд на постојан раст на цените;



Целата рецензија

На пазарот на смартфони владее општ тренд на раст на цените. Мислите дека е премногу 1000 долари за iPhone? Ова е само почетокот. Кога Apple минатиот септември почна да го продава iPhone X за илјада долари, критичарите се смеаја на цената. Се сомневаа дека некој би бил подготвен да плати толку за iPhone X.

Меѓутоа, критиките стивнаа кога Тим Кук, претседателот на управата на Apple, изјави дека iPhone X, од недела до недела, го надминува секој друг уред на Apple. Со брилијантната продажба на уредот, Apple докажа дека купувачите се спремни да платат за мобилен висока цена, исто како што би платиле и за моќен лаптоп или компјутер. Apple не е единствениот што ја зголемил цената на своите производи. Трендот е во нагорна линија и сите производители го следат ова.

За само 2 години, цените на Samsung Galaxy телефоните на американскиот пазар скокнаа за 15,1%, а цената на Huawei P серијата се зголеми за 33% од 2016 година. OnePlus во Велика Британија има цени што пораснаа дури за 42,6%. Растечките цени на смартфоните ја нагласуваат важноста на мобилните уреди во денешниот живот. Го користиме како универзален уред за многу нешта - уред за комуникација, работа, фотографија и забава. Потрошувачите се спремни да платат толку колку што е потребно, затоа што мобилниот стана најважниот производ во нивниот живот, изјави Бен Вуд, главниот истражувачки аналитичар на компанијата CCS Insight.

Според Вуд, растот на цените на телефоните не се одредува само по тоа колку се спремни да платат потрошувачите, туку и со цената на производство, која постојано расте. Брзите и подобри компоненти, како што се процесорите и фотоапаратите веќе чинат повеќе од оние што се постари неколку месеци. Компаниите се оптеретени и фокусирани на постојано воведување на иновации и развивање на нови производи, што исто така си има своја цена. Константната продажба се повеќе ги поттикнала добавувачите на вложување, не само во технологијата, туку и во зголемувањето на фабриките и останатите начини за да му удоволат на пазарот.

Колкави цени можеме да очекуваме во иднина?

Apple постави нов преседан со цената од илјада долари, не само за себе, туку и за целата индустрија. Докажаа дека луѓето се спремни да платат колку што е потребно и другите производители беа поттикнати да го следат примерот на Apple. Во септември ќе имаме прилика да видиме колку далеку ќе стигнат цените, кога ќе дознаеме повеќе за новиот телефон на Apple, iPhone X Plus и неговата цена. 

Поранешните гласини кажуваа цена од 1.100 долари, но во последно време се повеќе се зборува дека X Plus би можел да чини илјада долари. Наследникот на iPhone X би можел да се продава за цена од 900 долари. Се разбира, сето ова се неофицијални информации, а за официјалните има уште 2 дена. Едно е сигурно, дека цената на новите модели на iPhone би можеле да бидат и многу пониски од она што се очекува и предвидува за телефоните со екран што се витка, за кои се прогнозира дека ќе чинат и по 2.000 долари. 

Заклучок: Како луѓето ќе реагираат на цените?

Прво компаниите ќе се соочат со многу критики на социјалните мрежи. Потоа, луѓето потивко ќе заминат во продавниците и ќе ги купат новите модели, тврди аналитичарот Бен Вуд. Како и да е, цената на производството се зголемува од причина што постојано се воведуваат нови типови на екрани, како и нови технологии. Што мислите вие за ова?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm