Huawei Y5 (2018): Буџетски телефон со дигнитет!

Објавено на 11.09.2018 во Рецензија


Huawei Y5 (2018): Буџетски телефон со дигнитет!

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.8


Цена
10.0


Камера
9.5


резултат
9.8


Наши забелешки

Positives:

- Супер дизајн, нема да се лизга;
- Голем дисплеј;
- Долготрајна батерија;
- Најнов оперативен систем;
- Ниска цена;
- Одлична камера;
- Квалитетен звук;
- Добри перформанси;
- MicroSD слот;

 

Negatives:

- Продуцира сини бои;



Целата рецензија

Телефони.мк го тестираше Huawei Y5 (2018) и дефинитивно сме воодушевени. Huawei го претстави и својот модел од средна класа - Y5 (2018), кој располага со огромен дисплеј и минималистички дизајн, кој изгледа како прозорец кон некој друг свет. Y5 2018 е еден од најевтините смартфони на Huawei, кој чини само 120 евра. Дали цената ги оправдува спецификациите или е сепак прениска и доволно привлечна за корисниците, останува да провериме подетално во нашата рецензија.

Дизајн и дисплеј

Huawei Y5 (2018) се одликува со 5.45 инчен HD екран. Благодарение на дисплејот од 18:9, Huawei има мали рамки, а со оглед на цената, ова е и одлично. Изработен е од пластика, но пријатна пластика, што нема да дозволи да ви се лизга смартфонот од раката. Производителот го искористува максимално просторот на предниот панел. Има дебелина од само 8.3мм, што значи дека е лесен за држење во рака. 

Дисплејот на Y5 има панел од 720 пиксели, со максимална осветленост до 469.9 cd/m². На помалку од 25% светлост, дисплејот е доволно добар и пријатен за да го гледаме во ноќни услови, односно за сензитивните корисници ова е одлична вест. Во сегментот на репродукција на бои, моделот претендира кон зголемено продуцирање на сини бои, но тоа не е претерано и сосема е прифатливо. IPS дисплејот е препознатлив за Huawei, кој е доволно добар и квалитетен за парите, дури и предобар. На силна сончева светлина, дисплејот е доволно видлив.

Батерија

Има батерија со капацитет од 3020mAh, како и Power Saving 6.0 технологија, која ќе ви помогне за телефонот да има доволно батерија за 62 часа со константно пуштање на музика и 13 часа гледање на видеа. Имајте доверба во батеријата на Huawei Y5, која без проблем ќе трае цели два дена со просечно користење, па дури и три, во зависност од тоа колку го користите. 

Хардвер

Имате 16GB внатрешна меморија и 2GB RAM меморија под хауба, имате место за две SIM картички одеднаш, и истовремено да ја зголемите меморијата со microSD картичка.

microSD слотот е одделен и може да се користи со две SIM картички. Имате Mediatek MT6739 процесор, кој е солиден за парите што ги давате, со фреквенција од 1.5 GHz.

Huawei Y5 2018 се покажа побрз на нашите бенчмарк тестови, кој е поевтин од конкурентните модели, а испорачува одлични перформанси. PowerVR GE8100 е тука за графичкиот сегмент, кој располага со 570MHz, што не е од најмоќните, но ќе ви врши добра работа.

Софтвер

Отклучете го својот телефон во делчето од секундата со помош на паметниот и моќниот Al алгоритам, кој ги препознава цртите на вашето лице со помош на прецизно мапирање. Никогаш не било полесно да ги сокриете своите податоци од љубопитните погледи. Huawei Y5 2018 е опремен со Android 8.1.0 оперативен систем, кој се одликува со едноставност и флуидност на вашиот телефон.

Сакате ли да фотографирате нешто на вашиот телефон? Никогаш не било полесно досега за да направите скриншот. Треба само да повлечете со три прсти преку екранот кон долната страна и тој автоматски го фотографира вашиот екран.

Eye Comfort е режим со кој автоматски ја прилагодувате светлината на екранот и синото светло на вашите очи во зависност од осветлувањето на околината. Тука е EMUI корисничкиот интерфејс на Huawei, кој ги содржи и безбедносните закрпи од 1 април, 2018 година. Телефонот има прединсталирани апликации и игри од трета страна.

Камера

Huawei Y5 (2018) доаѓа со предна камера од 5MP и продуцира фантастични селфи слики. Посебното тонирање на фотографиите овозможува да добиете врвни фотографии, дури и во услови на слабо осветлување. Задната камера од 13MP е опремена со HDR режим за пост обработка, која ви испорачува квалитетни фотографии со само еден клик. 

8-мегапикселната камера со LED блиц е лоцирана од задната страна на Huawei Y5 2018, додека од предната е 5-мегапикселната со вграден LED блиц. Сликите со предната камера се солидни и острината е прифатлива, а особено добри се оние фотографирани со поголема светлост.

Сликите фотографирани со главната камера имаат доволна дефиниција за време на слаба осветленост и појака светлост. Острината на сликите е доволно добра, исто како и деталите. Главната камера снима видеа со 1080 пиксели, експозицијата е солидна,а репродукцијата на деталите доволна. 

Звук

Изразено гласните звучници ви овозможуваат слушање на музика во широк круг на луѓе без страв дека вашата омилена песна нема да се слушне добро. Повиците се слушаат многу јасно и овозможуваат дополнително појачување или намалување на тонот, дури и во услови кога сте опкружени со гласна околина. 

Заклучок

Huawei не знаеме колку го чини производството, но овој модел дефинитивно се исплати за сумата на пари, така што не треба да го пропуштите ако ви се доволни овие перформанси. Huawei Y5 (2018) има неприкосновен звук, добри перформанси и меморија, а огромниот дисплеј и најновиот софтвер прават големо задоволство.

Сето тоа може да го имате за само 120 евра. Ние сме задоволни од овој модел на смартфон, останува на вас само да се уверите во неговиот квалитет и дигнитет. Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm