Motorola Moto E5 Plus - Мега екран следен од топ батерија

Објавено на 17.09.2018 во Рецензија


Motorola Moto E5 Plus - Мега екран следен од топ батерија

Оцени

usability
8.5


Перформанси
8.5


Цена
8.5


Камера
8.5


резултат
8.5


Наши забелешки

Positives:

 

- Прифатлива цена

- Голем модерен дисплеј

 

Negatives:

 

- Нема дуо камера



Целата рецензија

Moto E серијата на Motorola од оваа година изгледа навистина модерно, многу елегантно согласно веќе воспоставените естетски стандарди заедно со посвеж и поконркретен изглед, како и со голем број на изненадувања во оваа класа кои не се карактеристични и вообичаени за останатите конкуренти со сличен ценовен досег.

Ако веќе го разгледавме потенцијалот на Motorola Moto E5, следен на агендата ни е Motorola Moto E5 Plus кој има свои предности и адути и од прв поглед со комоција може да констатираме дека е одличен примерок за сите кои сакаат големи телефони. Затоа во продолжение дознајте повеќе детали за Motorola Moto E5 Plus и што се тој има да понуди.

Дизајн

Motorola Moto E5 Plus остава впечаток на квалитетно развиен смартфон, со прецизни детали и завршетоци на овалната маска, има фина заобленост на аглите, како и одлично вклопување на задната страна со главната камера која опфаѓа поголем простор со леќата и блицовите.

Самата големина на смартфонот му дава еден сериозен изглед, како мобилен уред наменет пред се за завршување на секојдневни работни задачи, па сигурно на многумина професионалци ќе им се допадне од прв поглед. Motorola Moto E5 Plus доаѓа со избор на повеќе елегантни бои на маската како минерално сина, светкаво сива, црна и секако блескавата златна која мора да признаеме дека е наш фаворит во овој избор.

Дисплеј

Motorola Moto E5 Plus располага со огромен 6 инчен IPS LCD дисплеј со пристојна HD резолуција од 720 x 1440 пиксели, а најважно е што е применет новиот модерен размер на екранот од 18:9 со што има целосна искористеност на предната површина. Со вака голем екран и основен праг на HD резолуција се добива густина на сликата од 268 ppi со што е исполнет минумумот за Retina стандардот на видливост. Дисплејот е заштитен со Corning Gorilla Glass, па така ќе немате големи грижи за гребнатинки и напукнувања на стаклото од помали удари.

Перформанси

Motorola Moto E5 Plus работи со доволно квалитетен хардвер со кој е оправдана понудената цена и треба да знаете неколку клучни аспекти за тоа каков вид на перформанси ќе добиете од него. Со применетиот осум-јадрен Qualcomm MSM8917 Snapdragon 425 процесор треба сосема солидно да ги завршите сите замислени задачи во текот на денот бидејќи тој е доста респонзивен и релативно брзо ги исполнува процесите со Cortex-A53 технологија со работен потенцијал од 1.4 GHz.

Хардверот е надополнет со Adreno 308 графичка карта, а има солидни 3 GB RAM за непречен мултитаскинг и брза активација на апликациите кои стојат во позадина, додека пак со 32 GB основна вградена меморија ќе имате доволно простор за сите ваши податоци и фајлови.

Камера и мултимедиа

Motorola Moto E5 Plus може да се пофали како смартфон кој сосема пристојно служи за мултимедијални и забавни потреби. Да почнеме од неговата главна 12 мегапикселна камера која има f/2.0 леќа со 1.25µm микрони на апаратурата, клучни додатоци како фазна детекција на автофокус и ласерски фокус, HDR режим на поставување на сцената кога е потребно поради динамичноста со светлина, сенки и објекти, потоа panorama за сликање и можност за снимање на Full HD видеа со 30 фрејма по секунда.

Сликано со Motorola Moto E5 Plus

Селфи камерата со 5 мегапиксели има речиси идентична леќа со f/2.0 широчина што е навистина доста солидна за една предна камера, а нејзин главен адут е употребата на LED блиц, па така ќе имате значајно осветлување кога ќе се сликате навечер. За подолготрајно гледање видеа или мобилен гејмин од големо значење е огромната батерија со капацитет од дури 5000 mAh, а згора на се истата се полни многу брзо.

Сликано со Motorola Moto E5 Plus

Заклучок

Motorola Moto E5 Plus сосема ја оправдува поставената цена која е реткост на европскиот пазар, нуди голем број на адути почнувајќи од огромниот шест инчен Full Display, потоа можностите кои ги нуди за обработка на податоци, работа со апликации и интернет, а секако тука е и забавата во текот на слободното време по завршувањето на обврските. Motorola Moto E5 Plus би го препорачале на активни луѓе кои имаат професионални обврски и потребен им е поевтин смартфон кој нема премногу да им го оптовари буџетот, а притоа ќе бидат сигурни дека ќе добијат квалитетни перформанси без поголеми компромиси во хардверот. Што мислите вие за Motorola Moto E5 Plus?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm