Samsung Galaxy J2 Core - Има ли подобрување на основата?

Објавено на 19.09.2018 во Рецензија


Samsung Galaxy J2 Core - Има ли подобрување на основата?

Оцени

usability
7.5


Перформанси
7.5


Цена
8.0


Камера
7.5


резултат
7.6


Наши забелешки

Positives:

 

- Ниска цена

- Долгорочна софтверска поддршка

 

Negatives:

 

- Нема модерни атрибути



Целата рецензија

Galaxy J серијата уште во 2016 година беше првиот знак дека Samsung ќе направи подобра организација на стотиците смартфони кои годишно ги пушташе во продажба. Така со Galaxy J беше јасно ставено до знаење дека станува збор за најносновната класа на смартфони под S и A сериите, и дека корисниците може да добијат солиден корејски мобилен уред по прифатливи цени. Таа традиција ја продолжува Samsung Galaxy J2 Core кој има карактеристики од повеќе претходни евтини серии на Samsung Mobile, а е наменет исклучиво како почетен смартфон со многу ниска цена наменет за купувачите со ограничен буџет. Бидејќи Samsung Galaxy J2 Core беше пуштен во продажба неодамна сосема логично е да видиме што има тој да понуди и дали е подобар во однос на неговите претходници.

 

Дизајн

Samsung Galaxy J2 Core на прв поглед наликува на цврстите телефони на Samsung, маската иако е пластична е добро склопена без никаков простор за недостатоци, а задната страна прикажува убаво обликувани агли за подобар визуелен впечаток. Рамката околу екранот зазема голем простор, па така Samsung Galaxy J2 Core не може да го вброиме во смартфоните со висок степен на ефикасност на дизајнот, а добра страна е што телото не е премногу дебело, па така профилот на маската има 8,9 милиметри. Физичкото копче за вклучување и заклучување се наоѓа на десната страна, а лево се сместени копчињата за регулација на звукот. Samsung Galaxy J2 Core доаѓа во избор од три бои на маската, класична црна, потоа сина боја и секако највпечатлива и најмодерна е златната боја.

Дисплеј

Galaxy J2 Core е навистина изненадувачки послаб дури и од првиот Galaxy J2 смартфон кој беше лансиран во 2016 година со тогаш 5 инчен дисплеј со HD резолуција. Сега Galaxy J2 Core исто така има 5 инчен дисплеј, но со послаба резолуција од 540 x 960 пиксели која не ги ни исполнува HD стандардите и нуди многу скромна густина на сликата од само 220 ppi што е реално под Retina границата. Сам по себе дисплејот на Galaxy J2 Core и не така лош ако се земе во предвид дека доаѓа во најносновната класа.

Перформанси

Клучна карактеристика на Samsung Galaxy J2 Core е тоа што станува збор за уред од Android Go програмата базирана на Android 8.1 Oreo системот која опфаќа смартфони со наједноставни карактеристики, ниски цени и подолгорочна софтверска поддршка. Слично како со уредот од 2016 и Samsung Galaxy J2 Core работи со четири-јадрен процесор, но овој пат нешто подобар Exynos 7570 со Cortex-A53 технологија и работен потенцијал од 1.4 GHz. Хардверот е надополнет со Mali-T720 графичка, 1 GB RAM и 8 GB основна вградена меморија, додека пак преку microSD мемориската картичка може да дополните уште 256 GB. Батеријата има скромен капацитет од 2600 mAh, но бидејќи уредот нема пресилни компоненти, така и потрошувачката на енергија нема да биде преголема. 

Камера

Samsung Galaxy J2 Core не нуди никакви промени од пред две години во делот на камерата. Таа е идентична со 8 мегапиксели, автофокус, мала леќа со f/2.2 широчина LED flash, HDR режим на сликање при различен степен на сончева светлина и динамика на сцената, panorama и Full HD 1080p резолуција на снимање на видеа. Селфи камерата има 5 мегапиксели со слична f/2.2 апаратура на леќата.

Заклучок

Samsung Galaxy J2 Core ако се погледне чисто од технички аспект ќе се види дека е обичен смартфон со едноставен сет на компоненти, доволен за основни потреби без поголема амбиција. Секако, треба да се земе во предвид и неговата цена од околу 130 евра што за бренд како Samsung е апсолутен минумум под кој никако не може да се спушти. Од друга страна пак, Samsung Galaxy J2 Core доаѓа во време кога во основните класи гледаме се поквалитетни смартфони со поголеми амбиции, а тој не нуди никакви поголеми хардверски новитети, па така ако имате поголеми очекувања од него може да останете разочарани. Затоа, Samsung Galaxy J2 Core треба да се оцени конкретно за функциите кои ги нуди, како и за квалитетот кој стои зад бренд како Samsung, секако и за подолгорочната софтверска поддршка од Google. Што мислите вие за Samsung Galaxy J2 Core?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm