Xiaomi Redmi 6 - Примамлив во средната-висока класа

Објавено на 21.09.2018 во Рецензија


Xiaomi Redmi 6 - Примамлив во средната-висока класа

Оцени

usability
9.0


Перформанси
8.5


Цена
8.5


Камера
9.0


резултат
8.8


Наши забелешки

Positives:

 

- Ниска цена

- Модерни технологии

 

Negatives:

 

- Нема брзо полнење



Целата рецензија

Од 2013 година Redmi смартфоните на Xiaomi поставија нови критериуми кога се во прашање модели од средната класа со потентни хардверски компоненти и секако со многу ниски и прифатливи цени, речиси идентични како тие во основната класа. Неодамна го добивме и шестиот по ред Xiaomi Redmi 6 како главен модел од оваа серија за 2018 година кој покажува и дека по толку долго време кинескиот бренд знае како да склопи многу евтин смартфон со импресивна понуда на перформанси, па затоа во продолжение дознајте повеќе детали. 

Дизајн

Xiaomi Redmi 6 споделува многу естетски елементи од поновите смартфони на Xiaomi во квалитетната средна класа годинава, со што се добива една веќе препознатлива визуелна целина. Xiaomi Redmi 6 остава впечаток на модерен смартфон со трендовски облини, убаво склопена метална маска со доволен степен на издржливост и компактност, како и симпатична позадина каде до израз доаѓаат применетите бои од кои на располагање како избор на корисникот се сивата, сината, златната и помеката розево-златна верзија. Смартфонот е доволно тенок со 8.3 mm и убаво лежи во раката, па така и лесно ќе се управува или носи во џебот.

Дисплеј

Радува фактот што Xiaomi е посветен да ги обезбеди повеќето главни новитети во мобилната индустрија кај Xiaomi Redmi 6 кој доаѓа со модерен 5.45 IPS LCD дисплеј со размер од 18:9, што значи дека предната површина речиси целосно е искористена со минимални рамки околу самиот екран. Xiaomi Redmi 6 располага со солидна HD+ резолуција од 720 x 1440 пиксели за многу пристојна визуелна презентација на боите, деталите и контрастот, а тоа резултира со густина на сликата од 295 ppi.

Перформанси

Xiaomi Redmi 6 воопшто не потрфла да ги задоволи потребите на модерните корисници со потентен иако не премногу моќен осум-јадрен процесор од новата класа на Mediatek MT6762 Helio P22 кој има неколку новитети. Тој се базира на Cortex-A53 технологија со работен потенцијал од 2.0 GHz, а е надополнет со графичка карта PowerVR GE8320 за умерен мобилен гејминг, има импресивни 4 GB RAM за непречен мултитаскинг, како и одлични 64 GB вградена меморија која ќе биде и повеќе од доволна за огромен број на податоци на корисникот како видеа, апликации и игри, а секако тука е и слотот за microSD за надополнување со уште 256 GB. Xiaomi Redmi 6 има стандардна Li-Po 3000 mAh батерија, но не и брзо полнење бидејќи располага само со microUSB 2.0 приклучок. Со оперативниот систем Android 8.1 (Oreo) и интерфејсот MiUi 9 постигнат е одличен баланс на софтверот без непотребни дополнителни апликации и сервиси. 

Камера

Xiaomi Redmi 6 еден од своите најголеми адути покрај во дисплејот, го има и со двојната главна камера која е составена од еден сензор од 12 мегапиксели со не така широка f/2.2, со 1.25 μm големина на пиксел, додека пак вториот сензор од 5 мегапиксели има фазна детекција на автофокус, како и длабочински сензор со што се добива одлична комбинација на опфат на сцената во различни услови на сликање, додека пак леќата е идентична во сите елементи. Селфи камера и со сензор од 5 мегапиксели е доволно квалитетна за фотки кои ќе ги споделувате на социјалните мрежи, со можност и за снимање на HD видеа со стабилни 30 фрејма по секунда.

Заклучок

Xiaomi Redmi 6 не е смартфон кој е наменет да се натпреварува со најмоќните, но не останува „покус“ да обезбеди квалитетни перформанси за навремено и експедитивно завршување на поставените задачи во секојдневното функционирање. Особено предност Xiaomi Redmi 6 нуди со дисплејот, камерата и прилагодениот софтвер, а со цена од околу 120 долари на азискиот пазар покажува колку Xiaomi нуди исплатливи смартфони. Секако, во Европа неговата цена е нешто повисока, но Xiaomi Redmi 6 може да го најдете во некоја квалитетна понуда од операторите. Што мислите вие за Xiaomi Redmi 6, што најмногу ве привлекува кај него?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm