Huawei Y3 (2018) - Како се „движи“ во основната класа?

Објавено на 23.09.2018 во Рецензија


Huawei Y3 (2018) - Како се „движи“ во основната класа?

Оцени

usability
7.0


Перформанси
7.0


Цена
8.5


Камера
7.0


резултат
7.4


Наши забелешки

Positives:

 

- Ниска цена

- Долгорочна софтверска поддршка

 

Negatives:

 

- Ограничени хардверски перформанси



Целата рецензија

Y серијата на Huawei оваа година се покажа како една од најподобните за понудите кои често се наоѓаат во мобилните оператори бидејќи смартфоните се одлично сработени, во принцип се нашироко достапни за поголема група на корисници и се движат од најосновната до највисоката класа со различен сетап на конфигурации и цени. Овој пат ќе го разгледаме основниот смартфон од оваа генерација Huawei Y3 (2018) кој е замислен да одговори на потребите на купувачите со најмал износ на паричен буџет на кои име треба едноставен и лесно употреблив смартфон. Затоа да видиме дали Huawei Y3 (2018) го заслужува ова внимание?

Дизајн

Huawei Y3 (2018) има пластично тело е многу едноставен дизајн кој покажува уште на прв поглед дека се работи за „буџетарски“ смартфон, па така не дава лажен впечаток на нешто што не е со некакви естетски трикови за да ги прикрие своите вистински лица. Huawei Y3 (2018) е изработен целосно од пластика и самото тело е многу обично изработено, па тука нема што премногу да се издвои, освен што е добро склопен со добра искористеност на предната површина без вишок на простор. Смартфонот има димензии од 145.1 x 73.7 x 9.5 mm, тежи 175 gr., а доаѓа во избор на златна, бела и сива боја на маската.  

Дисплеј

Huawei Y3 (2018) нема премногу да ве воодушеви со скромниот 5 инчен IPS LCD дисплеј со веќе застарената резолуција од 480 x 854 пиксели која е под новите HD стандарди, па така ќе треба да се задоволите со понизок степен на густина на сликата од само 196 ppi. Видливоста на екранот не е така лоша, боите имаат живост, а контрастот е ефикасен, но ќе имате мали пречки при гледање од поостри агли, како и под директна изложеност на двевна светлина. Смартфонот не е потребно да се истакнува дека доаѓа со стандарден размер од 16:9 што значи дека го нема новиот Full дисплеј кој може да се најде кај повеќе евтини конкуренти кои доаѓаат од Кина.

Перформанси

Главна причина за ограничениот потенцијал на хардверски функции е што Huawei Y3 (2018) е дел од Android Go програмата каде повеќе брендови како Huawei соработуваат со Google за пласман на супер евтини смартфони за земјите во развој со многу ниски цени, но истовремено со најосновните капацитети. Huawei Y3 (2018)  работи со четири-јадрен Mediatek MT6737M процесор кој ги обезбедува најосновните функции со работа за неколку неопходни апликации, стабилно сурфање на интернет и гледање видеа. Процесорот има четири Cortex-A53 јадра со работен потенцијал од 1.1 GHz со графичка карта Mali-T720MP2, а неговата работа е помогната од 8 GB основна вградена меморија и 1 GB RAM работна меморија. Смартфонот има многу скромна батерија со капацитет од 2280 mAh и истата ќе биде доволна за еден ден активна работа со едно полнење.

Камера

Huawei Y3 (2018) има солидна 8 мегапикселна главна камера на задната страна која има автофокус за стабилно регистрирање на сцената, како и квалитетна леќа со f/2.0 големина. Камерата има LED блиц и може да снима видеа со 720p резолуција. Селфи камерата има сензор со само 2 мегапиксели и просечен квалитет, но доволен за споделување на фотките на социјалните мрежи.
Заклучок
Huawei Y3 (2018) делува навистина архаично според сите неговите компоненти и потенцијали на перформансите, но како што објаснивме станува збор за уред од Android Go програмата каде фокусот е ставен на долгорочна софтверска поддршка со навремени надградби што е голема гаранција за корисниците дека ќе имаат стабилен телефон. Од друга страна пак, треба да се прифати фактот дека за околу 90 евра, Huawei Y3 (2018) нуди најмногу што може. Доколку имате навистина ограничен буџет и го начекате Huawei Y3 (2018) во понудата на операторите може да биде ваш избор, а со нешто поголем буџет би купиле за нијанса поквалитетен смартфон.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm