Се што треба да знаете за Dual-SIM телефоните

Објавено на 25.09.2018 во Рецензија


Се што треба да знаете за Dual-SIM телефоните

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Двете картички одеднаш го заштедуваат буџетот од купување нов телефон;

 

Negatives:



Целата рецензија

Dual-SIM смартфоните не се новост, а не се ни реткост на пазарот. Колку ние ја познаваме Dual-SIM технологијата, нејзините предности и нејзините недостатоци? Која е разликата меѓу Dual-SIM Dual Standby и Dual-SIM Dual Active технологијата? Секој мобилен телефон бара SIM картичка, бидејќи без неа не би можел да се поврзе на мобилна мрежа. Телефонот што има можност истовремено за употреба на две различни SIM картички, се нарекува Dual-SIM телефон. Тоа значи дека корисникот може да користи било која од двете SIM картички за воспоставување и примање на повици.

Зошто Dual-SIM телефоните се практични и кои се предностите на Dual-SIM технологијата?

Факт е дека нема секој да има корист од можностите за истовремено да користи две различни SIM картички на својот телефон, но постојат голем број на луѓе на кои ова им е многу потребно. На пример, бизнис корисниците користат два броја, еден за бизнис, а другиот приватен. Тие секогаш може да користат два независни телефона, но сепак е полесно да носите само еден Dual-SIM телефон со себе, во кој ќе ги сместите двете SIM картички, за два телефонски броја во еден уред.

Dual-SIM телефоните се незаменливи кога ќе сакате да користите една SIM картичка за извршување на повици, а другата само за поврзување со интернет. На пример, еден мобилен оператор може да има тарифа со голем број на бесплатни минути за разговори, но недоволно интернет сообраќај. Во замена за тоа, друг оператор може да има голема количина на интернет сообраќај за многу поволна цена. Благодарение на Dual-SIM телефонот, може да комбинирате два различни оператора и така значително да го намалите износот на месечните сметки.

Dual-SIM телефоните може да ни бидат од помош и ако често патуваме, затоа што со истовремено користење на две SIM картички од различни мобилни оператори, се намалува ризикот за да останеме без сигнал. Чест е случајот за на некои локации да нема сигнал еден оператор, а другиот да има. АКо често патувате надвор од земјата, може истовремено да ја користите домашната SIM картичка во комбинација со SIM картичката од странскиот оператор за интернет и локални повици, со што значително ги намалувате трошоците кога сте во роаминг.

Која е разликата меѓу Dual-SIM Single Standby, Dual-SIM Dual Active и Dual-SIM Dual Standby технологијата?

Dual-SIM технологијата може да биде имплементирана на три различни начини:

Dual-SIM Single Standby – Најстар и најпримитивен вид на Dual-SIM технологијата за мобилна телефонија, кој се нарекува уште и пасивен Dual-SIM. Во телефонот имате две SIM картички, но само едната може да биде активна за воспоставување на повици. Префрлувањето од една на друга SIM картичка се врши само со исклучување и повторно вклучување на телефонот или преку менито за подесување, а тогаш првата картичка станува неактивна. Практично, Dual-SIM Single Standby технологијта е само поедноставно решение од рачно вадење и ставање на друга SIM картичка во телефонот. Телефоните со Dual-SIM Single Standby технологија веќе веројатно и не постојат, но вреди да се знае.

Dual-SIM Dual ActiveDual-SIM телефоните со Dual Active технологија имаат две истовремено активни SIM картички. Со други зборови, додека е во тек разговор преку една SIM картичка, другата непречено може да прима повик, а телефонот за тоа ќе ве извести преку звучен сигнал. Ова е идеален начин на употреба на Dual-SIM технологијата. Меѓутоа, Dual Active бара и истовремено присуство на два независни примопредаватели во телефонот – за секоја SIM картичка по еден. Двата примопредаватели трошат многу повеќе електрична енергија, отколку што е случајот со стандардните телефони, што значително се одразува на траењето на батеријата. Dual Active ги зголемува и трошоците за производство, па ваквите телефони значително се поскапи во споредба со телефоните што користат само една SIM картичка. Наведените мани на Dual-SIM Dual Active технологијата се у главните причини поради кои на пазарот има мал број на телефони со Dual Active.

Dual-SIM Dual Standby – Хибрид што ги обединува Dual-SIM Single Standby и Dual-SIM Dual Active за Dual-SIM технологијата. За разлика од Dual Active начинот на работа, кој бара два независни примопредаватели, Dual Standby функционира само со еден примопредавател, кого SIM картичките го споделуваат меѓусебно. Што значи тоа во пракса? За време на мирувањето (standby), двете картички се активни и спремни за воспоставување или примање на повик, но за време на разговорот преку една од нив, втората картичка ќе биде неактивна, односно недостапна. Затоа се нарекува Dual Standby. Кога ќе заврши разговорот, двете SIM картички повторно стануваат активни. Во поединечни случаи многу зависи ова и од операторот, кога двете SIM картички користат 3G или 4G мрежа за пренос на гласот, овие ограничувања не мора да бидат присутни. Од сето ова наведено не е тешко да се заклучи дека Dual Standby не е идеален начин за имплементација на Dual-SIM технологијата, но затоа е значително поевтина за производство и зналително пораспространета во споредба со Dual Active. Цената на Dual-SIM Dual Standby телефоните не незначително повисока од цените на телефоните што користат само една SIM картичка.

Можете ли да бирате од која картичка ќе повикувате или испраќате SMS?

Заедничките карактеристики на сите Dual-SIM телефоните е корисникот, за време на повикот, да може да бира со која SIM картичка ќе го реализира повикот. Во зависност од моделот на телефоните, корисникот може трајно да ја дефинира главната картичка од која што ќе сака да воспоставува повици, а може да ја одбере и опцијата за непосредно пред секое повикување телефонот да го праша која SIM картичка сака да ја користи. Сето наведено се однесува и на испраќањето на SMS пораки.

Дали 3G/4G интернет конекцијата функционира со двете SIM картички кај Dual-SIM телефоните?

Да, функционира. Но, деталите зависат како производителот на телефонот ја имплементирал Dual-SIM поддршката. Најчестото сценарио изгледа вака: корисникот одбира која SIM картичка ќе користи 4G/LTE конекција, додека другата по автоматизам ќе функционира со 2G/3G режим. Замената на улогите од првата и втората SIM картичка, кога станува збор за интернет конекција, се се одвива брзо и едноставно, најчесто со помош на само еден клик. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm