Lenovo A5 - Нов почеток

Објавено на 28.09.2018 во Рецензија


Lenovo A5 - Нов почеток

Оцени

usability
8.0


Перформанси
7.5


Цена
8.5


Камера
7.5


резултат
7.9


Наши забелешки

Positives:

 

- Ниска цена

- Модерен дисплеј

 

Negatives:

 

- Нема брзо полнење

- Нема дуо камера



Целата рецензија

Lenovo во последните две години го забави темпото на лансирање на поголем број на смартфони и реши да се фокусира на помал број на модели, но истите се пофокусирани, попрецизни во својата намена и ценовна припадност. Затоа добиваме нов модел во ликот на Lenovo A5 кој ги напушта претходните концепти на К или Vibe сериите со цел да ги презеде модерните трендови, но секако и без притоа целосно да застрани од иделогијата на брендот. Така Lenovo А5 е смартфон кој личи на овој бренд, во смисла на исплатливост за вложените пари, добрите перформанси на софтверот и солидниот хардвер. Во продолжение поблиску ќе го погледнеме Lenovo А5 и што се тој може да понуди.

Дизајн

Како што напоменавме и во воведот Lenovo A5 доаѓа со доста нов, модерен и елегантен изглед кој дефинитивно е освежување на целокупната понуда на брендот на Lenovo, но при тоа обезбедува и одредени препознатливи идентитетски одредници од претходните генерации. Lenovo A5 прекрасно изгледа од предната страна каде речиси целата површина ја зазема екранот со минимална рамка отстрана, што веднаш дава впечаток на смартфон кој е многу практичен и лесен за управување, како и носење во џебот или ташна. Малку изненадува дебелината од речиси 10 милиметри, но кога подобро ќе погледнете тоа и не лошо решение бидејќи на Lenovo A5 му дава можност за подобар фат кога веќе екранот е проширен речиси на целата предна страна, па вака подобро се контролира во раката. Lenovo A5 доаѓа со избор на класична црна боја на маската, како и новите атрактивни и неизбежни бои златна и нејзина розева верзија.

Дисплеј

Lenovo A5 има доволно голем 5,4 инчен дисплеј со модерен размер од 18:9. Екранот располага со IPS LCD технологија, а нуди солидна HD+ резолуција со 720 x 1440 пиксели, што резултира со доволно висока густина на сликата од 295 ppi. Самиот избор на големина на екранот со 720p+ резолуцијата е најверојатно оптимално решение бидејќи се над оваа дијагонала би довело до послаба видливост, како и понизок степен на густина на сликата. 

Перформанси

Lenovo A5 не бега од тоа дека е смартфон од средната класа, но изборот на четири-јадрен процесор е можеби неговата најголема слабост. Станува збор за Mediatek MT6739 процесорот со Cortex-A53 јадра кои не се така лоши, но работниот потенцијал не надминува повеќе од 1,5 GHz. Lenovo A5 има и просечна PowerVR GE8100 графичка карта која барем е од поновата генерација, па така може да обезбеди достоен мобилен гејминг. Смартфонот е опремен и со солидни 3 GB RAM кои се светла точка на хардверот, како и избор од 16 или 32 GB основна вградена меморија. Поддршката за Dual SIM секогаш е добредојдена, но ќе мора да компензирате наместо слотот за microSD. За поголема безбедност и приватност на задната страна имате прецизен и ефикасен скенер на отпечатоци, додека пак со батеријата со капацитет од 4000 mAh ќе имате безгрижно трошење на енергијата со само едно полнење. 

Камера

Lenovo A5 доаѓа со единечна 13 мегапикселна камера со f/2.2 големина на леќата што е отстапка од последниот тренд на дуо камери, додека пак предната селфи камера има 8 мегапиксели со идентична големина на леќата. Исто така со застарениот microUSB 2,0 приклучок не е овозможено брзо полнење на батеријата, но затоа пак имате стандарден 3,5 милиметарски аудио приклучок за поврзување на слушалки.

Заклучок

Lenovo A5 е симпатичен смартфон кој носи многу визуелни промени за брендот Lenovo и исполнува неколку модерни критериуми од кои корисниците ќе бидат многу задоволни. Сепак, неговата ниска цена од околу 120 евра треба да се земе во предвид и да не се постават очекувањата од Lenovo A5 на превисоко ниво. Lenovo A5 со сите предности и недостатоци може да се покаже како квалитетен смартфон во основната напредна класа и доколку успеете да го најдете со споменатата цена секако вреди да вложите во него. Што мислите вие за Lenovo A5?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm