Трамп против Google News - Ќе има ли последици?

Објавено на 30.09.2018 во Рецензија


Трамп против Google News - Ќе има ли последици?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Подобри сервиси за корисниците

 

Negatives:

 

- Небалансирано известување

- Можна политичка цензура



Целата рецензија

Американскиот претседател Доналд Трамп откако поведе политичка борба против мејнстрим медиумите кои ги нарече Fake news затоа што не известуваат и информираат според неговите очекувања, сега го нападна и агрегаторот на вести Google News. Трамп тврди дека Google News пренесува вести и содржини само од медиумите кои ги застапуваат гледиштата на левицата, додека пак ги "цензурираат" конзервативните телевизии и сајтови. Тој најави дека неговата администрација ќе поведе постапка за ова како што вели антиуставно и политички мотивирано известување. Сепак, какви ќе бидат последиците врз Google news малку ќе зависи од неговата извршна моќ.



Кој го генерира Google News?

Google News нема сопствена уредувачка политика бидејќи не станува збор за медиум или новинарска организација, туку онлајн сервис кој групира најпопуларни вести, информации и содржини од етаблирани медиуми без оглед на нивното уредништво. Исто така содржините кои се појавуваат на Google News се базираат на самите навики на корисниците, односно се персонализирани. Тоа се врши врз база на тоа што претходно го читале, пребарувале преку интернет, Google Search или други онлајн платформи кои се поврзани. Сервисот на Google исто така има минимално уредување од човечки фактор за обезбедување на подобри резултати.

Тоа пластично објаснето значи дека ако често го читате CNN поредовно ќе добивате нивни вести и информации во топ сториите. Другиот фактор за избивање на врвот на резултатите е видот на темата која ја следи читателот, на пример конкретни општествени, политички, економски или забавни настани. И третиот фактор е во делот на областа од сам интерес на читателот, па така следните вести ќе бидат во овој домен.

Со овие параметри значи дека одреден конзервативен читател почесто ќе добива позитивни вести за Трамп или друг десничарски политичар, како и повеќе вести од медиумите со слична уредувачка политика како што се Fox news, Breitbart и слични.

Затоа Трамп нема голем избор на правни механизми со кои би можел да одреди или наметне било каква одлука врз функционирањето на Google News. Исто така според американските уставни и законски прописи приватните субјекти имаат целосна слобода да ја одредат својата уредувачка политика и видот на информации кои им ги сервираат на своите корисници.



Што може да се промени?

Претседателот Трамп како што се ближи периодот за новите избори сосема извесно е дека ќе продолжи со политиката битка со критичките медиуми, но и против медиумите кои известуваат негативно за неговата политика и агенда. Ова се повеќе ќе се одрази и на интернет агрегаторите и секако социјалните мрежи и медиуми како Google, Facebook, Twitter и останатите. Медиумските сервиси исто така ќе мора да докажат дека не се политички или партиски пристрасни во период кога нивната кредибилност е доведе во прашање од страна на политичкиот естаблишмент. Најлошо сценарио би било небалансирано пренесување на информации со што штета ќе имаат читателите без оглед колку се тие поделени и поларизирани во однос на политичките прашања во општеството.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm