Мора да го знаете ова пред да купите кинески телефон

Објавено на 30.09.2018 во Рецензија


Мора да го знаете ова пред да купите кинески телефон

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Предност кај кинеските смартфони е ниската цена;

 

Negatives:

- Недостаток кај кинеските смартфони е купувањето на сивиот пазар;



Целата рецензија

Без оглед на поранешната репутација, многу кинески компании денес произведуваат врвни телефони, кои со својот квалитет им конкурираат на најголемите. Huawei и Xiaomi се несопирливи со својата енормно зголемена продажба и иновации, најмногу на домашниот пазар, а и на европскиот исто така. Многу од овие телефони не може да се купат надвор од Кина, а патентните права се можеби најголемата причина за тоа. Ако размислувате за купување на кинески телефон, прво треба некои работи да ги земете во предвид.

1. Детално истражете го моделот што планирате да го купите;

Звучи како крајно логичен потег, но нештата се многу потешки отколку што мислите. Прво, може да биде многу тешко да се дојде до доверливи рецензии од овие телефони, особено ако станува збор за уред од помалку позната компанија како што се Doogee, Elephone или Cubot. Одредете го буџетот, разгледајте ја понудата и направете список со 3-4 модели што најмногу ви се допаѓаат. Мора да спомнеме дека Кинезите ги сакаат своите фаблети, затоа ќе имате многу избор доколку барате телефон со помала дијагонала.

2. Обрнете внимание на софтверската поддршка;

Кога ќе го одберете телефонот, треба да обрнете внимание која компанија го произведува. На пример, Xiaomi. Оваа компанија редовно го надградува својот софтвер и ги овозможува сите верзии на Android за своите клиенти за релативно брзо време. Ова е исклучок што го потврдува правилото. Ако планирате да го користите телефонот долг временски период, важно е да пронајдете производител, кој редовно ќе го надградува со новите безбедносни и системски подесувања.

3. Обрнете внимание на поддршката за клиентите;

Ако сакате да добиете поддршка во случај на проблеми со новиот телефон, не купувајте телефон од компанија што не е официјално присутна на нашиот пазар. Компаниите што имаат ограничено присуство во земјите надвор од Кина, потешко е да ви ја дадат потребната поддршка, сервис и резервните делови. Ако сепак купите телефон од сивиот пазар, земете го во предвид колкави трошоци ќе имате при увоз.

4. ROM;

И покрај големите ограничувања во Кина, некои телефони не доаѓаат со инсталирани Google апликации. Овие телефони главно имаат посебен и софтверски пакет (ROM), кој се надградува со Android платформата. Се разбира, тоа не значи дека добивте ѓубре, затоа што може да добиете комплетна понуда од Google со интернационален ROM, кој има поддршка за други јазици и Google Play продавница со апликации. Многу продавачи ви даваат опција да одберете телефон со интернационален ROM.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm