5 начини како да го забрзате вашиот смартфон

Објавено на 17.10.2018 во Рецензија


5 начини како да го забрзате вашиот смартфон

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Зголемување на брзината на смартфонот преку ослободување меморија во кешот;

 

Negatives:



Целата рецензија

Кога е нов, секој телефон функционира совршен и без проблеми во брзината, но со текот на времто многу лесно се претвара во забавена машина. Ако забележавте дека вашиот Android телефон работи побавно од порано, не мора да почнете да размислувате за купување на нов, туку пробајте ги овие трикови што ќе го забрзаат.

Исчистете ги кешираните податоци

Вашите апликации постојано кешираат одредени податоци, што би требало да го забрза вашиот телефон, но ако тој нема доволно простор на себе, овие податоци може да почнат да прават проблем. Тоа може да го направите вака:

- Отворете ги подесувањата на телефонот (Settings)
- Одете во Storage
- Одберете ја опцијата Cached data
- Одете на OK

Исклучете ги анимациите

Анимациите прават за сите наши интеракции со оперативен систем да изгледаат пофлуидно, се додека телефонот не почне да забавува со работата. Тогаш анимациите почнуваат да изгледаат како видео што сецка.

Ако анимациите на телефонот веќе не се флуидни како порано, со нивното исклучување ќе го ослободите процесорот и малку ќе го забрзате телефонот:

- Одете во Settings
- Потоа во About phone
- Потоа 7 пари допрете ја опцијата Build number, по што набрзо ќе се појави порака дека сте го активирале Developer options
- Вратете се во подесувањата и одете во Developer options
- Деактивирајте ја опцијата Windows animation scale
- Повторете го ова и со Transition animation scale и Animation duration scale опциите

Отстранете или деактивирајте ги bloatware апликациите што не ги користите

Штом ќе го извадите Android телефонот од кутијата и ќе го вклучите, на него ќе има куп апликации што однапред се инсталирани и големи се шансите за многу од нив кои никогаш нема да ги користите. Но, тоа не значи дека тие не користат одредени ресурси од вашиот телефон.

Еве како да се ослободите од нив:

- Одете во подесувањата на телефонот (Settings)
- Одберете Apps
- Пронајдете ја апликацијата што сакате да ја деинсталирате и допрете ја. Секоја апликација прикажува колку простор зазема на вашиот телефон, така што истиот момент ќе знаете колкав простор на телефонот сте ослободиле.
- Одберете ја Uninstall опцијата и потврдете дали сакате да ја избришете
- Процедурата повторете ја за секоја апликација што не ви треба

Отстранете ги widget-те

Widget-те се едно од интересните нешта што Android ги нуди, затоа што ви дозволуваат да извршувате одредени интеракции со вашите апликации, а притоа да не мора да ги отварате.

Иако ќе ви заштеди време кога вашиот телефон е нов и брз, со текот на времето ќе може да го забават:

- Одберете го widget-от што сакате да го тргнете од екранот на телефонот.
- Допрете го со прстот и задржете одредено време. Ќе се појават Remove и App Info менито на врвот на екранот.
- Завлечете го widget до кантата за отпадоци на врвот на екранот

Оптимизирајте го Chrome browser-от

Податоците покажуваат дека околу 90% од сопствениците на Android телефоните користат Chrome за сурфање на интернет. Со неговата оптимизација ќе го забрзате својот телефон.

Data saver modе во Chrome му дозволува на Google да ги компресира страниците што ги гледате на интернет за 30% и речиси 50% кога станува збор за видео. Со тоа ќе користите помалку интернет и побрзо ќе сурфате на интернет.

- Отворете го Chrome
- Одете во менито во горниот десен агол (3 вертикални точки)
- Отворете го Settings менито
- Допрете ја Data saver опцијата
- Завлечете го прекинувачот во горниот десен агол за да ја активирате оваа опција

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm