Ќе поскапат ли телефоните во Европа?

Објавено на 24.10.2018 во Рецензија


Ќе поскапат ли телефоните во Европа?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Поголема конкурентност меѓу апликациите;
- Повисока персонализација на корисниците;

 

Negatives:

- Поскапување на телефоните;



Целата рецензија

Google го менува начинот на лиценцирање на своите апликации во областа на повеќето европски земји. Новинарите се плашат дека поради тоа телефоните што функционираат со Android би можеле да поскапат.

Европската Унија ова лето го казни Google со над 4,3 милијарди евра за кршење на анти-монополските правила на Унијата, а американската компанија најави промени со кои сака да се прилагоди со тие правила со цел да избегне нови казни. Тие нови правила што се однесуваат за повеќето европски земји, на крај, би можеле да резултираат со дополнително поскапување на телефоните, што функционираат со Android, сметаат експертите.

Проблемот поради кој Google е казнет е во фактот што мобилните производители што користат Android, мора со овој оперативен систем да прединсталираат и други апликации од оваа компанија. Посебно издвоени се апликацијата за пребарување и мрежниот прелистувач Chrome, кои, иако се бесплатни, на Google му носат милијарда долари.

Оваа компанија, сметаат во ЕУ, на одреден начин ги уцени и присили мобилните компании на инсталација на тие апликации, со што стекна незаконска предност пред конкуренцијата, затоа што дел од корисниците не сакаа да ги преземат новите апликации кога веќе ги имаат инсталираните апликации на телефонот. Од Google поради тоа најавија промени во начинот на лиценцирање и веќе нема да забрануваат користење на модифицирани верзии од својот оперативен систем во Европа.

Така во иднина Google ќе дава посебни лиценци за апликациите Play, YouTube, Gmail и други, со посебни лиценци за прелистувачот и Chrome. Што се однесува до првата група на апликации, мобилните производители за нив ќе мора да плаќаат лиценца и токму поради тоа експертите сметаат дека тоа би можело да доведе до зголемување на цената на самите уреди.

Што се однесува до Chrome и пребарувачите на телефоните, Google ќе претстави посебна лиценца, така што е можно во иднина на Android да имаме инсталирано само дел од од апликациите на Google, но не и Chrome и прелистувачот, кои ќе мора посебно да се преземат на уредот. Самиот оперативен систем и понатаму ќе остане бесплатен. Од компанијата тврда дека нивната заработка потекнува од пребарувачот и од Chrome, како и од други апликации.

Тоа им помогнало во финансирањето на развојот и бесплатната дистрибуција на Android, што во иднина нема да биде возможно, поради што го претставија новиот договор за лиценцирање и плаќање на користењето на нивните апликации што ќе се применуваат од крајот на овој месец во областа на Европскиот економски простор (EEA).

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm