Huawei Mate 20 Pro: WOW ефект од камерата и спецификациите!

Објавено на 24.11.2018 во Рецензија


Huawei Mate 20 Pro: WOW ефект од камерата и спецификациите!

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.8


Камера
10.0


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

- Четири камери;
- Богата вештачка интелигенција;
- Профи задна камера;
- Издржлива батерија;
- Спецификациите ја оправдуваат цената;
- Моќни перформанси;
- Голема меморија;

 

Negatives:



Целата рецензија

Huawei Mate 20 Pro го препорачуваме за сите што водат активен живот и имаат потреба од уред со батерија што ќе издржи цел ден. Ако сакате да снимате видеа и да фотографирате, ова е дефинитивно тоа што ви треба. Однапред се знаеше дека Huawei спрема нешто големо со недели пред светската премиера на Huawei Mate 20 Pro во Лондон.

Информациите што протекоа на интернет открија многу за самиот уред, но што значи сето тоа, уверете се самите. Накратко, Huawei креираше уред што ретко кој би го оставил рамнодушен. Дури и тврдокорните фанови на Apple iPhone останаа импресионирани со можностите што ги нуди најновиот Mate.

Прв впечаток

Уште кога ќе го извадите телефонот од кутијата, веќе сте импресионирани од неговите едноставни линии и стаклено куќиште со алуминиумска лента, што остава впечаток на елеганција. Од задната страна располага со 3 камери и LED блицови. Huawei се поздрави со влезот за слушалки и одоздола го остави само USB-C влезот што ќе биде за полнење, пренос на податоци и за приклучување на слушалки преку адаптер.

Имате и влез за нано СИМ картичка и дополнителна меморија, односно втора СИМ картичка. Интересно е тоа што во Huawei одлучиле да го искористат USB-C влезот и како звучник, па за време на слушањето на музиката или гледањето на видеа се насочува звукот кон долната страна. 

Екранот со големина од 6,39 инчи речиси целосно ја прекрива предната страна на уредот. AMOLED екранот има можност за прикажување на 16 милиони бои, што се гледа штом ќе го вклучите. Боите се живи и богати и имате чувство дека отскокнуваат од екранот.

За оние што се премногу интензивни во поставките постои опција со којашто можете да ја прилагодите јачината на бојата и интензитетот. Благо заоблените рабови оставаат впечаток на бесконечност на екранот и го олеснуваат листањето по екранот. Во комбинација со стаклената позадина уредот изгледа навистина неодоливо.

Под стаклената површина

Најпрво мораме да го истакнеме читачот на отпечатоци, кој се крие под површината. Вчитувањето е брзо и едноставно кога ќе се навикнете на положбата. Брзо ќе го заборавите внесувањето на ПИН или лозинка, и целосно ќе се префрлите на ваквиот начин на заштита. Под стаклото на Mate 20 Pro се крие вистински ѕвер со вештачка интелигенција. Располага со Kirin 980, мобилен AI чипсет и 8 јадрен процесор. Доаѓа во две верзии: со 6GB RAM меморија и 128GB внатрешна меморија и 8GB RAM + 256GB меморија. Двете верзии може да се зголемат со наномеморија, прва од таков вид на пазарот.

Батеријата од 4200mAh е навистина голем адут на уредот, која без проблем може да го следи динамичното темпо во текот на целиот ден и се уште да задржи нешто од енергијата за следното утро. Со сурфањето, играњето игри, активиран Bluetooth, GPS и телефонирање, фотографирање и снимање видеа, батеријата на крајот на денот ќе остане со капацитет од 35% енергија. Повеќе од доволно за следење на интензивното животно темпо до следното утро. Од друга страна, ако ви снема енергија, со помош на вашиот "supercharger" може да ја наполните батеријата со брзина од 2% во минута. Неколку пати го тестиравме брзото полнење и останавме пријатно изненадени со брзината.

Не смееме да ја заборавиме опцијата што на претставувањето во Лондон предизвика гласна реакција на собраните – Wireless reverse charging, односно безжично полнење на втор уред. Да, дами и господа, Huawei Mate 20 Pro може да полни и други уреди што имаат поддршка за безжично полнење. Доволно е да ја активирате таа опција во поставките на уредот и да ги прилепите уредите еден до друг.

Android и EMUI 9

Huawei Mate 20 Pro доаѓа со Android 9.0 оперативен систем, надграден со EMUI 9, интерфејсот на Huawei. Софтверот е брз и едноставен за користење, а главната спецификација му е управување со телефонот преку гестови. Конкретно, отварањето на најчесто користените апликации (или оние што корисникот ќе ги одбере), се прави со испишување на првата буква на екранот. Може да го повлечете прстот на екранот во одредена насока, со цел да се вратите на почетниот екран (кон горе) или да ги отворите неодамна користените апликации (со повлекување кон горе и задржување).

Користењето на гестови бара одреден период на навикнување, но кога еднаш ќе го совладата и запамтите што треба да направите, ќе сфатите колку едноставен и брз е овој начин на користење. Освен гестот, EMUI 9 може да се пофали и со HiVision, додаток што овозможува напредни спецификации на камерата.

Така е доволно да ја насочите камерата во храната пред себе и HiVision ќе идентификува за која храна се работи и ќе ја процени нејзината калориска вредност. За оние што ги интересира, HiVision може да идентификува и уметнички дела, познати споменици и да понуди повеќе информации за нив. Може дури и да преведе некој документ или натпис на јазик што го разбирате.

Најинтересна е опцијата Digital Well-being (дигитална благосостојба), која всушност следи колку време поминувате на вашиот смартфон. Бележи кои апликации и можности ги користите, во кое траење и дава можност за ограничување на времето на користење на одредени апликации. Кога еднаш ќе се освестите колку време поминувате на Instagram или YouTube, оваа опција ќе ви помогне да ја доведете таа зависност на прифатливо ниво.

Посебно ни се допаѓа опцијата Wind Down, односно „опуштање“, која ги исклучува боите на екранот и го претвара во црно-бел свет. Неверојатно е колку е лесно да го оставите уредот настрана и да се посветите на спиењето кога на екранот немате живи бои.

Четири заводливи камери

Huawei Mate 20 Pro доаѓа со четири камери, три задни и една предна камера. Задните камери се интересно комбинирани во квадрат со LED блиц, кои на прв поглед изгледаат како точки на коцките. Се работи за камери што навистина снимаат брилијантни фотографии. Трите задни камери се состојат од 40MP, 8MP со телефото леќа и 20MP широко-аголни леќи. Комбинацијата од тие три камери резултираше со голема палета на можности, кои може да ги искусите за време на снимањето на фотографии и видеа.

Ноќниот режим на снимање е навистина импресивен и со еден допир на екранот, може да снимате ноќни фотографии со импресивни детали, дури и во лошо осветлени услови. Бројните опции како што се 3D панорама, Good Food или AR леќи, бараат истражување на смартфонот, но кога веќе еднаш ќе ги завладеете, ќе се навикнете како на професионален фотоапарат.

Не смееме да ја заборавиме 24-мегапикселната предна камера, која работи дури и предобро. Фотографиите се премногу јасни и полни со детали, делумно благодарение на порано споменатата вештачка интелигенција што брзо препознава лице и по потреба го применува пеглањето на брчките и ги воедначува боите на вашиот тен.

За оние што сакаат да снимаат селфи, бројни филтри и AR леќи, овозможува повеќе од доволно простор за креирање на совршеното селфи вредно за објавување на сите достапни социјални мрежи.

Заклучок: Импресионирани сме!

После две недели користење на Huawei Mate 20 Pro без проблем можеме да признаеме дека сме импресионирани и под впечаток. Уредот навистина ни носи напредни опции што досега не биле достапни на друго место. Брзината, издржливоста на батериите и најмногу, камерата, се главните адути на уредот. За нашите новинарски потреби, тој е повеќе од добар избор.

Истото можеме да го препорачаме за сите што водат активен живот и имаат потреба од доверлив уред, чија батерија издржува по цел ден. Ако сакате и да фотографирате, снимате видеа, тогаш овој Mate е вистинскиот избор за вас. Сите тие напредни функции со себе повлекуваат и напредна цена. Huawei ве уверува дека Mate 20 Pro и после две години ќе ја задржи својата почетна брзина и издржливост, што би можело да ја оправда неговата цена. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm