Шефот на Microsoft: Ова се 3 особини на вистинските лидери

Објавено на 26.11.2018 во Рецензија


Шефот на Microsoft: Ова се 3 особини на вистинските лидери

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Microsoft на чело со Сатја Надела доживеа висок раст;

 

Negatives:



Целата рецензија

За време на изборот на нови вработени, Сатја Надела бара одлики на лидери и во разговор со факултетот во Чикаго издвоил три особини што ги смета за карактеристики на правите лидери. 

Сатја Надела на челото на Microsoft, го замени Стив Балмер во 2014 година, и во текот на овие години се покажа како исклучително способен лидер што направи пресврт во компанијата и нејзиното работење. Во текот на 2014 година цената на акциите на Microsoft се движеше од 40 до 50 долари, додека сега се околу 110 долари, со пазарната вредност од дури 820 милијарди долари. Со тоа Надела ја издигна компанијата на второ место по глобално пазарна вредност, веднаш зад „недопирливиот“ Apple.

Една од причините зошто Microsoft е во раст со Надела, се неговите лидерски способности, како и вработените во компанијата. За време на неодамнешната негова посета на факултетот во Чикаго, каде се стекнал со MBA, шефот на компанијата на Бил Гејтс, зборувал за лидерските особини што се бараат кога се вработуваат нови луѓе, кои и самиот ги стекнал за време на студирањето.

Првата таква особина што најчесто излегува на ивделина кога ќе дојде до некои непредвидени околности или паника, е јасноста околу чекорите што треба да се преземат. Надела вели дека вистинските лидери не се потребни во ситуации во кои се е дефинирано и во кои постои зацртан план до кого сите се придржуваат, но во некакви несигурни ситуации кога работите веќе не одат според планот и во кои не ни се достапни сите информации, „тогаш лидерството доаѓа до израз“. Од непроценлива вредност е да имате личност што тогаш ќе ја препознае ситуацијата и ќе знае што да преземе.

Втората карактеристика на лидерот е енергијата и ентузијазмот што ги шират меѓу вработените и тоа не само екипите од својот тим, туку и во целата компанија. „Лидерите треба да поттикнуваат оптимизам, креативност, посветеност во работата и раст во текот на добрите и лошите периоди“.

Третата најважна особина што според Надела треба да ја имаат лидерите е можноста за успехот во ограничени и несовршени услови и дека овој свет, смета Надела, може да се примени не само во работата, туку и во секојдневните ситуации во животот. Правиот лидер никогаш нема да каже дека поради одредени надворешни фактори што не се под негово влијание не може да се реши одреден проблем или да се оствари успех. Таквите проблеми со надворешни влијанија не следат целиот живот и никој друг нема да ги реши, туку луѓето ќе мора сами да се соочат со нив и сами да ги решат.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm